Српски пејач, алкохолизиран, направи скандал среде авион - капетанот реагираше, заврши на психијатрија, сопругата загрижена
- Детали
- вторник, 19 мај 2026
Слоба Васиќ повеќепати јавно има кажано колку има доверба во сопругата и колку е горд на нејзиниот успех, но сега и таа, 32-годишната докторка Јелена е затечена од неговото однесување. Само кратко се огласи за медиумите...

Српскиот пејач Слоба Васиќ се најде среде скандал и ja вознемири јавноста кога непосредно пред полетување oд Белград за Цирих, каде што имал закажан настап, Васиќ во алкохолизирана состојба направил инцидент во авионот.

Поради неговото лошо однесување морал да реагира дури и капетанот на летот, по што обезбедувањето го изнело од зградата на белградскиот аеродром.

Потоа, Слоба Васиќ, најпрво бил примен во Воено-медицинската академија (ВМА), а потоа префрлен во психијатриската установа „Лаза Лазаревиќ“.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој од приемното одделение во меѓувреме бил преместен на машкото одделение во оваа клиника, каде што ќе продолжи понатамошното лекување.
Според последните информации, состојбата на Слоба е стабилна, но лекарите ништо не препуштаат на случајност, па пејачот и во наредниот период ќе остане под строг надзор на експертите.

Се огласи и ПР менаџерката на пејачот со соопштение во кое откри во каква состојба е тој.
„Во овој момент можам да потврдам дека Слоба е задржан во болница и дека е под стручен надзор. До кога ќе остане таму и ние самите немаме точна информација.
Засега тоа е сè што можеме да соопштиме, а понатамошни информации ќе споделиме кога ќе ги имаме“.

Слоба Васиќ претходно за медиумите зборуваше за својата борба со анксиозноста, а наводно тој е задржан во психијатриската установа „Лаза Лазаревиќ“ поради терапијата што ја користи поради анксиозност и депресивни епизоди, која не смее да се комбинира со алкохол, па затоа ќе биде под лекарски надзор.
Исто така, пред установата „Лаза Лазаревиќ“ била забележана неговата сопруга Јелена Васиќ, која била видно потресена, пишуваат српските медиуми.
Парот има една ќерка.

