Саша Ковачевиќ објави официјални фотки од свадбата, парот очекува син: „Покрај тебе сè доби смисла“
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
„06.06.2026 Покрај тебе сè доби смисла, а овој ден е само круна на нашата љубов. Те гледам и си ја гледам целата своја иднина – прекрасна, насмеана и исполнета со љубов“, вели емотивно Саша Ковачевиќ за саканата Зорана. Таа блесна во две венчаници на свадбата.
фото: Доротеја Типшин
Саша Ковачевиќ, еден од омилените регионални пејачи, на 6-ти јуни се ожени со својата сакана Зорана Тасовац, по скоро 9 години љубов.

Парот, како и сè останато поврзано со нивниот приватен живот, свадбата ја направи „тајно“, а дека стапиле во брак се дозна дури откако видеата и фотографиите се појавија во јавноста.

Сепак, сега тој објави официјални фотки од свадбата на Инстаграм и ѝ напиша емотивна посвета на Јована.

Саша вели:
„06.06.2026 Покрај тебе сè доби смисла, а овој ден е само круна на нашата љубов.
Те гледам денес и ја гледам целата своја иднина – прекрасна, насмеана и исполнета со љубов.
Ти благодарам, љубов моја, за секоја насмевка, за поддршката, за љубовта, за твојата добрина и за тоа што на овој ден застана покрај мене за заедно да зачекориме во нашето „засекогаш“.

Инаку, Саша и Зорана очекуваат бебе и оваа есен ќе се остварат во улогата на родители.
Веста за новиот член во семејството ги израдува нивните најблиски, но и бројните обожаватели кои со години ја следат нивната љубовна приказна и ги сметаат за еден од најскладните парови на јавната сцена.
Парот откри дека очекуваат син.
Инаку, Зорана од претходен брак има ќерка, која Саша ја гледа како свое дете.