Анѓелка Прпиќ ги покажа пегите на одмор, па сподели ретки љубовни фотки со сопругот, кој му беше другар на бившиот: „На дечко ми му е роденден“
- Детали
- понеделник, 27 јули 2026
По скандалот кога остана бремена и тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг, долго го криеше, но периодов е поопуштена и сега сподели куп фотки на кои го бакнува својот сакан по повод неговиот роденден – српската актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ (поранешно Прпиќ) ужива во љубовта.

Пред околу три години, српската актерка Анѓелка Прпиќ, беше во фокусот на медиумите заради љубовен скандал.
Таа се раздели од својот поранешен сопруг, а остана бремена од новиот дечко, кој беше најдобар пријател на нејзиниот бивши и со него тајно се омажи.
Иако долго време го криеше и не се појавуваше со него во јавност, во последно време таа живее релаксиран семеен живот и повремено објавува фотки од заедничките патувања со него.
Анѓелка периодов уживаше на летување, па сподели и неколку фотки од себе на плажа и ги покажа пегите и флеките на лицето без шминка.

Сега таа, по повод роденденот на нејзиниот сакан, објави куп фотки од приватната архива низ годините, на која го бакнува сопругот.
„На мојот дечко му е роденден“ – напиша таа во описот.
Погледнете повеќе фотки:



