Ана Николиќ објави фотки од свадбата со Раста, 8 години по разводот - коментираат дека уште го сака

Ана објави неколку фотографии од тајната венчавка со Раста, која се случи на 28 јули 2016, односно на денешен ден пред 10 години, иако и двајцата имаат нови партнери. „Ана ти него го сакаш толку многу, што не е нормално. Никогаш нема да го преболиш“, „Зошто си го правиш ова на себе?“ - се дел од коментарите. 

ana-nikolikj-objavi-fotki-od-svadbata-so-rasta-8-godini-po-razvodot-komentiraat-deka-ushte-go-saka-01.jpg

Ана Никлолиќ, која своевремено важеше за една од најдобрите српски пејачки, веќе неколку години привлекува повеќе внимание поради скандалите во приватниот живот, отколку поради кариерата.

Таа во изминатиот период е (или беше) во врска со композиторот Горан Ратковиќ Рале, со кого наводно се вери, па се венча, па тврдеа дека немало свадба, се пријавуваа во полиција за насилство, па се смируваа, живееја заедно, си ги исфрлаа алиштата од дома пред очите на соседите, потоа објавуваа фотки на кои делуваат како заљубен пар, па следеа нови караници и јавни обвинувања на едниот против другиот, закани и слично.

ana-nikolikj-objavi-fotki-od-svadbata-so-rasta-8-godini-po-razvodot-komentiraat-deka-ushte-go-saka-09.jpg

И додека трае драмата меѓу љубовниот пар, Ана ја изненади јавноста со последното видео споделено на Инстаграм.

Таа објави неколку фотографии од тајната венчавка со Раста, која се случи на 28 јули 2016, односно на денешен ден пред 10 години.

ana-nikolikj-objavi-fotki-od-svadbata-so-rasta-8-godini-po-razvodot-komentiraat-deka-ushte-go-saka-04.jpg

Меѓу фотографиите од свадбата е и една од пред болница, кога Раста ги зема Ана и нивната штотуку родена ќерка Тара од породилиштето.

Видеото споделено на 10-годишнината од нивната венчавка предизвика бројни коментари меѓу нејзините следбеници, посебно што Ана и Раста се разведоа во 2018 година и не се во добри односи.

ana-nikolikj-objavi-fotki-od-svadbata-so-rasta-8-godini-po-razvodot-komentiraat-deka-ushte-go-saka-02.jpg

Таа е во врска со Рале, додека Раста подолго време има девојка, па некои коментираат дека потегот на Ана е бизарен.

ana-nikolikj-objavi-fotki-od-svadbata-so-rasta-8-godini-po-razvodot-komentiraat-deka-ushte-go-saka-05.jpg

Во коментарите едни ја поддржуваат, други сметаат дека објавата е непотребна:

„Ана ти него го сакаш толку многу, што не е нормално. Никогаш нема да го преболиш“

„Денот кога се осуди самата себе на најголемата пропаст. Ѝ го упропасти животот“

„Зошто си го правиш ова на себе?“

„Оваа жена уште сака“

„Постојат љубови кои секогаш болат. За жал оваа љубов ја уништи неа. Го сакаше искрено, а од разделбата се бори самата со себе“

„Не ѝ судете. Секој го носи својот крст како знае и умее“.

ana-nikolikj-objavi-fotki-od-svadbata-so-rasta-8-godini-po-razvodot-komentiraat-deka-ushte-go-saka-03.jpg

Кликнете и погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Раста, за убавицата со која е 5 години во љубов, по Ана Николиќ: „Долго време ми требаше за да ја на... „Никогаш не ги генерализирав сите жени, иако имав развод и секогаш оставав прост...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Секоја чест“ - Раста го смени личниот опис, ослабен, пострижан, како нов човек - воодушевена е и Сн... „И овој шок за денес и доста е! Раста раперот се направил човек. Каква трансформ...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...

Најчитани неделава