На 67-годишна возраст почина легендарниот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ

Српскиот портал Blic пренесува дека денес починал познатиот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ, на 67-годишна возраст, од воспаление на белите дробови.

na-67-godishna-vorzrast-pochina-poznatiot-srpski-pejach-gjorgje-balashevikj01.jpgфото: Facebook

Пред три дена, пејачот бил хоспитализиран поради воспаление на белите дробови. Десетина дена се лекувал дома, но кога му се влошила состојбата бил префрлен во клиника. Blic пренесува дека Балашевиќ бил и позитивен на корона вирусот.

После Blic, веста беше потврдена и за РТС.

Балашевиќ е еден од најпознатите српски и југословенски пејачи и текстописци. Има издадено 14 албуми, а има глумено и во неколку телевизиски серии, за кои ја напиша и музиката.

Во 1977-ма тој стана дел од групата „Жетва“, но веќе следната година ја напушти и формира нова група - Рани мраз - заедно со Верица Тодоровиќ.

Во 1982-ра година Балашевиќ ја започна соло кариерата, и набрзо се претвори во најомилениот пејач и текстописец на просторот на поранешна Југославија.

Потсетување на најдобрите песни на Балашевиќ кои секогаш ќе ни бидат врежани во срце:

Би можело да ве интересира:

Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Татко му го напуштил кога бил мал, сопругата ја зел „бегалка“ – Факти за животот на Дино Мерлин Кога имал само 17 години се вљубил во сопругата со која е во среќен брак до дене...
„Лицето ми се парализира од силен провев“ – Србинка ја сподели својата приказна за сите што се потсм... Билјана била изложена на силен провев, па неколку дена после тоа лицето ѝ се пар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg