„Твоја слика не смеам да објавам, ама графит не е забрането“ - Северина за роденденот на синот објави заеднички мурал од Белград

„Твоја слика привремено не смеам да објавам, но графит кој стои во Белград, уште не ми е забранет. Среќен роденден чудо мое“ – Северина го честиташе роденденот на синот со фотка од мурал со порака – „Ти и јас за 88 часа? Можеме чуда!“, а во позадина свири песна од Балашевиќ.

tvoja-slika-ne-smeam-da-objavam-ama-grafit-ne-e-zabraneto-severina-za-rodendenot-na-sinot-objavi-zaednichki-mural-od-belgrad-01.jpg

Северина минува низ голгота во последните години откако го изгуби старателството над синот Александар, а таа неколкупати допре до срцата на јавноста со емотивните објави, откако соопшти дека со синот добила само 88 часа месечно.

Инспирирано од нејзината изјава, „По 7 ипол години, сега ми даваат да те гледам 88 часа месечно. Но, знаеш ли што сè можеме, ти и јас за тие 88 часа? Можеме чуда“, во мај 2020-та на ѕид во Белград осамна мурал од неа и нејзиниот син, токму со таа порака.

tvoja-slika-ne-smeam-da-objavam-ama-grafit-ne-e-zabraneto-severina-za-rodendenot-na-sinot-objavi-zaednichki-mural-od-belgrad-2.jpgфото: Black Sails

tvoja-slika-ne-smeam-da-objavam-ama-grafit-ne-e-zabraneto-severina-za-rodendenot-na-sinot-objavi-zaednichki-mural-od-belgrad-3.jpgфото: Black Sails

По повод роденденот на нејзиниот син на 20-ти февруари годинава, со оглед на тоа што од судот ѝ е забрането да објавува фотографии од него, пејачката го објави муралот, а во позадина се слуша Uspavanka za dečaka од Ѓорѓе Балашевиќ и напиша:

„Кога се роди, паѓаше снег во Сплит. Кога се роди ти, се родив и јас. Твоја фотографија привремено не смеам да објавувам, но графит кој стои на куќа во Белград, уште не ми е забранет. Им благодарам на добрите луѓе кои ми го пратија графитот и му благодарам на авторот. Среќен роденден чудо мое!“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...

Најчитани неделава