Северина (48): „По секс снимката 6 месеци не излегов од дома, браво за Милена Радуловиќ и Даниела Штајнфелд“

За порно снимката од 2004 година Северина отворено вели дека до ден денес луѓето кога немаат што да ѝ кажат го споменуваат тоа несреќно видео снимено на брод.

severina-48-po-seks-snimkata-6-meseci-ne-izlegov-od-doma-bravo-za-milena-radulovikj-i-daniela-shtajnfeld-01.jpgФото: Инстаграм Северина

Северина е позната личност која сака отворено да говори за работите кои се навистина важни во општеството. Таква кај нас е актерката Весна Петрушевска, која за разлика од многу познати личности, не премолчува кога се случува неправда и има за цел да ја поткрене јавната свест за одредени работи.

Северина во интервју за српскиот магазин „Nedeljnik“ проговори на тема сексуално насилство и злоставување и за исповедта на храбрите Милена Радуловиќ и Даниела Штајнфелд.

„Сите луѓе се политични и оние кои кажуваат дека не се и дека тоа не ги интересира. Па, како да не те интересира ако некој во станот до твојот претепува дете или силува некоја жена? Некој навредува хомосексуалец и функционира ли правната држава за злосторствата од омраза јавно да ги осуди и да ги казни соодветно?“, вели Северина во интервјуто за Nedeljnik.

Потоа таа го пофали потегот на Милена Радуловиќ и Даниела Штајнфелд, кои одлучија јавно да проговорат за сексуалното злоставување кои го доживеале.

„Сечиј живот е богат со луѓе, идеи и потоа некој го руши тој твој свет, живот, достоинство и не знаеш веќе дали си жртва или соучесник затоа што се плашиш дека твоето молчење ќе предизвика сомнеж, а тебе само ти е страв. Затоа што за тоа не се говори. Не јавно.

Голема е храброста и на Милена Радуловиќ и на Даниела Штајнфелд и на Мерима Исаковиќ. Тоа е големо олеснување за сите жени. Во Хрватска тоа покрена лавина на факултетите, особено на Академијата за драмски уметности. Се отвори јавен простор да се говори за тоа. Ете од една земја се прели во цел регион. Затоа што принципот е ист, сето останато се нијанси. Тоа е навистина голема работа.“

Потоа таа во интервјуто раскажува како била шокирана кога во јавност протекла нејзина експлицитна снимка во 2004 година со нејзиниот тогашен партнер Милан Луциќ, иако многумина ја обвинуваа дека самата го пласирала видеото како реклама за себе.

Северина отворено говори дека никогаш не сакала нејзиниот интимен живот да излезе пред очите на сите, дека тоа ѝ било ужасно тежок период, но дека го преживеала. Таа вели дека до ден денес луѓето кога немаат што да ѝ кажат го споменуваат тоа несреќно видео снимено на брод.

Хрватската дива во тој период најголема поддршка добила од мајка ѝ и од една пријателка кои гледале само да ја засмејат, но и искрено кажува дека тогаш не излегла 6 месеци од дома.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава