По 20-месечна битка Северина откри: „Ми се врати детето дома“

„Ми се врати детето дома“ - по 20-месечна судска битка конечно хрватската пејачка сподели убави вести со публиката.

po-20-mesechna-bitka-severina-otkri-kje-peeme-vesela-pesna-mi-se-vrati-deteto-doma-01.jpg

По краткиот одмор во Задар и откако конечно стави и официјално крај на бракот со Игор Којиќ, хрватската пејачка Северина одлучи да сподели убави вести со публиката во Црна Гора. Таа накратко кажа дека конечно нејзиното дете се вратило дома.

Видеото во кое таа ги споделува убавите вести е објавено на Инстаграм профилот на магазинот Story:

„Се случуваат убави нешта, така што на моето родено дете ќе му отпееме една весела песна. Не можам  да ви кажам сè уште за што се работи, но ми се врати детето дома“ – рече хрватската пејачка Северина.

Северина додаде дека публиката на концертот прва ги дознава убавите вести и дека информациите сè уште не се објавени во јавност, но очигледно не можеше да ја крие среќата. 

Северина го доби синот Александар во врската со Милан Поповиќ, со кого подолго време води судска битка за старателството. Во еден период малиот Александар живееше седум дена кај татко му, па седум дена со мајка му, а во 2019-тата година, се случи преседан, кога на пејачката ѝ беше одземено старателството над синот, па имаше право да го гледа многу ретко.

Таа во последните две години можеше да го гледа Александар во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд. За време на викендите таа можеше да го преземе детето во сабота во 10 часот и да го врати на Милан во недела до 20 часот.

Прочитајте и „Ништо не боли повеќе од страдање за детето“ - 10 месеци откако „привремено“ ѝ го одземаа синот на Северина

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Синот (13) на Северина израсна во тинејџер - Уживаат на скијање во Австрија (фото) „Ние поминавме низ еден тежок животен пат, но тој сега е со мене и израсна во ед...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...

Најчитани неделава