Актерката позната како „Шехерезад“ го покажа трудничкиот стомак во 9-ти месец и го откри името на ќеркичката


Актерката позната како „Шехерезад“ го покажа трудничкиот стомак во 9-ти месец и го откри името на ќеркичката

Турската актерка Бергузар Корел која кај нас е позната по улогата на Шехерезад во турската серија „1001 ноќ“ викендов правеше „babyshower“ за нејзиното трето дете, а во објавата откри како ќе се вика девојчето.

akterkata-poznata-kako-sheherezad-go-pokazha-trudnichkiot-stomak-vo-9-ti-mesec-i-go-otkri-imeto-na-kjerkichkata-01.jpg

Бергузар и нејзиниот сопруг Халит Ергенч или како што јавноста подобро ги знае – Онур и Шехерезад – во јуни годинава открија дека ќе станат родители по третпат и дека очекуваат девојче.

Актерката објави повеќе фотографии на Инстаграм до кои напиша:

„Никогаш не сум имала таква прослава со моите два синови до денес. Ова е ден за кој што сите копнеевме година и половина, сонувавме за ден со многу розова боја, многу смеа и што е најважно – сите да бидеме заедно. Во текот на првата година на мојот син Хан, додека јас сум во последната бременост, постојано бевме осамени, затоа што периодот се совпадна со пандемијата“.

Бергузар вели дека оваа „baby shower“ забава не е последната прослава со пријателите и изрази надеж дека и во иднина ќе се среќаваат и ќе се дружат повеќе.

Инаку, Бергузар редовно објавува фотографии и видеа на нејзиниот Инстаграм профил, во кои ги информира нејзините следбеници за текот на нејзината бременост.

Според информациите што таа ги има објавено, во моментов е во 36-тата недела од бременоста, а таа и нејзиниот сопруг Халит со нетрпение очекуваат да го запознаат најновиот член на нивното семејство, малото девојче кое се одлучиле да го крстат Лејла.

Шехерезад и Онур стапија во брак по завршувањето на снимањето на популарната турска серија „1001 ноќ“, во 2009 година. Една година подоцна го добија синот Али, а во 2020-та го добија синот Хан.

Погледнете повеќе фотографии од прославата во продолжение:

berguzar-korel-shto-ja-igrashe-sheherezad-so-proslava-za-tretoto-dete-dolgo-vreme-kopneevme-za-vakvo-neshto-02.jpg

berguzar-korel-shto-ja-igrashe-sheherezad-so-proslava-za-tretoto-dete-dolgo-vreme-kopneevme-za-vakvo-neshto-04.jpg

berguzar-korel-shto-ja-igrashe-sheherezad-so-proslava-za-tretoto-dete-dolgo-vreme-kopneevme-za-vakvo-neshto-05.jpg

berguzar-korel-shto-ja-igrashe-sheherezad-so-proslava-za-tretoto-dete-dolgo-vreme-kopneevme-za-vakvo-neshto-06.jpg

berguzar-korel-shto-ja-igrashe-sheherezad-so-proslava-za-tretoto-dete-dolgo-vreme-kopneevme-za-vakvo-neshto-07.jpg

berguzar-korel-shto-ja-igrashe-sheherezad-so-proslava-za-tretoto-dete-dolgo-vreme-kopneevme-za-vakvo-neshto-08.jpg

berguzar-korel-shto-ja-igrashe-sheherezad-so-proslava-za-tretoto-dete-dolgo-vreme-kopneevme-za-vakvo-neshto-10.jpg

berguzar-korel-shto-ja-igrashe-sheherezad-so-proslava-za-tretoto-dete-dolgo-vreme-kopneevme-za-vakvo-neshto-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Николина Пишек со емотивна објава по труењето со плин: „Нашиот втор роденден, затоа што сум уште жив... „Ќе заспиете и ќе бидете несвесни за она што следи. Последен пат во својот живот...
Гласини дека партнерот ја изневерува, 4 деца на 31 година - факти за филмската ќерка на Никола Којо ... По едногодишната врска со синот на познат српски нарко-бос Мирка (31), беше во в...
„И во вечноста ќе бидете прегрнати“ – Сергеј Четковиќ со емотивна објава откако ги изгуби двајцата р... „Мамо, знаев дека тато нема да те остави сама на последната прошетка. Сега, драг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg