Бившиот на Северина со шокантни откритија: „3 месеци бегав од нејзините хистерии, мислам дека е зависничка“ (видео)


Бившиот на Северина со шокантни откритија: „3 месеци бегав од нејзините хистерии, мислам дека е зависничка“ (видео)

„Таа го занемаруваше детето, за него повеќе се грижеше нејзиниот партнер Игор, таа само глуми грижлива мајка“ – открива Милан, кој тврди дека не можел да го поднесе променливото расположение кај Северина и дека наводно била зависна од опојни супстанци.

bivshiot-na-severina-so-shokantni-otkritija-3-meseci-begav-od-nejzinite-histerii-mislam-deka-e-zavisnichka-video-01.jpg

По шокантните обвинувања во јавноста од страна на Северина кон нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, со кого таа го доби синот Александар, тој гостуваше во утринска програма и ја раскажа својата страна од приказната за врската со хрватската пејачка и судскиот процес за старателство.

Милан Поповиќ (55) вели дека одлуката за да ѝ се одземе старателството на Северина (49) во изминатите две години била донесена откако Александар (8) неоправдано пропуштил 46 дена да оди во училиште.

Поради оваа нејзина одлука, Александар требало да ја повторува годината, а Милан тврди дека тој како родител упорно работел секојдневно со својот син за успешно да ја заврши учебната година.

Милан открива дека за доброто на нивното дете тој дал предлог Северина да си ја работи сопствената работа, а да го остави синот кај него. Наводно таа ќе може да дојде и да го земе синот кога сака и тој стои зад тој предлог.

„Родителското право не може да се делегира. Мајката мора да го носи детето на лекар. Или таткото! Јас најдов докази дека Северина не се занимавала со детето. 

Таа приказна дека таа е грижлива мајка, дека јас ѝ се одмаздувам, е само приказна за медиумите. Таа сè уште говори за тоа, сè уште говори за инает и љубомора“ – вели тој гостувањето.

Милан проговори за врската со неа и вели дека тие имале три месеци согласна врска во која Северина со сите напори се преправала и дека јавноста не ја познава вистинската Северина.

„Таа емотивна приказна со Северина за мене престана по шест месеци. Три месеци бевме во врска, а другите три поминаа во несогласувања, да не речам кавги“ – вели тој.

bivshiot-na-severina-so-shokantni-otkritija-3-meseci-begav-od-nejzinite-histerii-mislam-deka-e-zavisnichka-video-02.jpg

Што мисли Милан за огромните промени во расположението кај Северина, но и за нејзиниот поранеше сопруг Игор Којиќ, прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Северина, по уживањето на скутер на вода, падна среде настап - реакцијата совршена (видео) Танцувајќи од срце Северина имаше незгода среде концерт, но нејзината реакција п...
Северина со трогателна исповед за таткото на нејзиниот син: „Не жали што го напуштив, туку што ме за... „Откако се омажив за Игор, таткото на мојот син има покренато над 60 обвиненија,...
„Паѓа“ на постари девојки - Факти за српскиот актер кој маестрално го одглуми Тома Здравковиќ Бил во врска со 18 години повозрасна колешка, повлечен е како личност, а идеално...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg