Милош Биковиќ за снимањето на Južni vetar: „Користиме лажна муниција, но пушка му откина прст на оружарот“

„На филмските сетови не се користи вистинска муниција, но несреќи се случуваат, несреќи имаше и на нашите снимања, со пушка која не беше добро подготвена“ – вели Милош Биковиќ, актерот кој ја има главната улога во српскиот филм Južni vetar.

milosh-bikovikj-za-snimanjeto-na-ju-ni-vetar-koristime-lazhna-municija-no-pushka-mu-otkina-prst-na-oruzharot-01.jpg

Балканската публика со нетрпение ја очекува премиерата на филмот Južni vetar 2: Ubrzanje, во кој главната улога ја има Милош Биковиќ. 

Имајќи го предвид последниот немил настан со Алек Болдвин и несреќата на снимање, на прес-конференцијата за српскиот филм на Милош Биковиќ му беше поставено прашање поврзано со безбедноста при користење на огнено оружје за време на снимањето на акциски филмови.

Оние што ги гледале филмот и ТВ сериите Južni vetar знаат дека станува збор за акциски филм, исполнет со насилство, убиства и секако употреба на оружје.

На прашањето кои мерки мора да ги преземе актерот пред да ја одигра сцената во која како реквизит е вклучено и огнено оружје, Милош одговори: 

„На сетот никогаш нема боева муниција, едноставно нема причина за такво нешто. Така настрада и Брендон Ли, некој од останатите актери, каскадери или статисти имал вистински куршуми.

Мене ме учеа секогаш кога ќе добијам каков било вид вооружување, секогаш сам да ја проверам и рамката и цевката и неколкупати да истрелам во празно како последен вид на мерка за безбедност. За жал такви трагедии се случуваат.

На едно снимање ни се случи таква несреќа - на човекот што го проверуваше оружјето за нас, пушката му го откина прстот, затоа што таа не беше подготвена. Да отидеше оружјето во рацете на некој друг, тоа би бил пропуст на оружарот, но ете му се случи нему“ – вели Биковиќ.

Тој понатаму појасни дека кога се снима, иако лажните куршуми во голема мера се разликуваат од вистинските, сепак постојат опасности, па затоа актерите никогаш не треба да вперуваат пиштол во жива мета, туку нештата малку се „лажираат“.

Прес конференцијата во целост е пренесена од Republika.rs, во продолжение погледнете го видеото:

Инаку, филмот Južni vetar 2: Ubrzanje ќе биде премиерно прикажан во Белград на 2-ри ноември, а балканската публика со нетрпение очекува да види како ќе се развие понатаму приказната на Петар Мараш.

Погледнете го трејлерот за филмот:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Милош Биковиќ на Малдиви со сопругата и синот: „Стануваме во 5, фрламе камчиња во базен, така некако... „Необјаснива желба да се фрлаат камчиња во базен (на Василиј, не моја), станувањ...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Бившиот сопруг на Марија Микиќ: „Јас не сум татко за секоја втора среда и викенд – нема пресуда што ... Во емотивна објава, на која се гледа како ги зема децата од градинка, Јован, пор...

Најчитани неделава