Петар Грашо за гласините дека неговата 14 години помлада девојка е бремена: „Татко ѝ не дозволува ништо пред брак“

Хрватскиот пејач Петар Грашо на почетокот на годинава раскина со својата долгогодишна партнерка пејачката Данијела Мартиновиќ, а само неколку месеци подоцна во хрватските медиуми се појави информацијата дека тој е во врска со 14 години помладата Хана Хулиќ.

petar-grasho-za-vrskata-so-14-godini-pomladata-hana-huljikj-kako-mala-mi-pishuvashe-pismenca-srekjni-sme-01.jpg

Петар Грашо во изјава за хрватската телевизија Nova прокоментира за гласините и пишувањата дека е во врска со 14-години помладата Хана.

„Мошне сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е добро и среќни сме“ – рече тој.

Тој накратко прокоментира и за пишувањата во дел од медиумите во изминатиот период, па како што рече бил мошне изненаден од некои написи.

„Јас сфатив дека, колку повеќе го кријам приватниот живот, толку вниманието на медиумите е поголемо. Ние го живееме сопствениот живот и важно е луѓето околу нас да се задоволни и сите да се мирни, но и задоволни“ – рече тој.

Претходно во медиумите имаше шпекулации дека наводно Хана е бремена, но Петар ги отфрли ваквите пишувања, па изјави за tPortal:

„Првоат слушам за ова. Тоа не е вистина, уште повеќе затоа што Тончи Хуљиќ (таткото на Хана), откако ја напиша Misu стана повнимателен и им забрани на своите деца да прават што било пред бракот“ – рече тој.

Хана Хуљиќ е ќерка на хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ. Нејзиното семејство долги години наназад биле пријатели со Петар и со Данијела.

Петар и Хана во 2016-та година заедно го снимија дуетот Srce za vodica, а во изјава тогаш Петар откри дека „малата Хана“ уште како дете била вљубена во него.

„Јас ѝ бев омилен пејач кога беше мала, па дури и ми пишуваше мали писменца со нејзиниот детски ракопис, што сè уште ги чувам“- рече тогаш Петар.

Инаку, во минатиот период и Данијела Мартиновиќ се огласи за раскинувањето на врската со Петар Грашо.

Повеќе за нејзините изјави и за тоа како се чувствува за врската на Хана и Петар, прочитајте тука.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Петар Грашо за ќеркичката: „Здравко Чолиќ ни беше на гости и запеа, а таа му рече – доста пееш, глед... „Здравко беше кај нас пред неколку месеци, тоа беше многу слатка ситуација. Се д...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
Данијела Димитровска купи стан од 500.000€ со 6 години помладиот свршеник - Поглед на море во монден... „Моментално го опремуваме станот, но знаете и самите, ништо никогаш не оди точно...
Данијела Димитровска објави постари фотки со синот за роденден – покажа како се менувала низ годинит... „Денес славиме 12-ти роденден. Малку помалку прегратки, а повеќе разговори.Се тр...

Најчитани неделава