Петар Грашо потврди дека неговата 14 години помлада девојка е бремена - Данијела Мартиновиќ не остана рамнодушна

Петар Грашо и неговата 14 години помлада девојка ќе станат родители. Убавите вести ги потврди и Петар, а се огласи и неговата поранешна партнерка Данијела Мариновиќ со која раскина по 24 години врска.

petar-grasho-potvrdi-deka-negovata-14-godini-pomlada-devojka-e-bremena-danijela-martinovikj-ne-ostana-ramnodushna-01.jpg

Хрватскиот пејач Петар Грашо (45) и неговата 14 години помлада девојка Хана Хуљиќ (31) ќе станат родители.

Хрватските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека ќерката на Тончи Хуљиќ е бремена, а сега веста ја потврди и самата Хана. Таа даде кратка изјава за Jutarnji list и рече:

„Информацијата е точна, среќни сме и возбудени, но не сакам ништо да коментирам. Би сакала некои работи да останат приватни“ – рече таа.

Хрватските медиуми пренесуваат дека Хана е во 12-тата недела од бременоста, а среќната двојка убавите вести им ги соопштила на членовите од потесното семејство за Божиќ.

Информацијата ја потврди и лицето за односи за јавност на Петар Грашо, која рече:

„Информациите за бременоста на Хана Хуљиќ се точни. Семејството и пријателите се мошне среќни. Како што знаете Хана и Петар секогаш ќе се обидуваат својата приватност да ја сочуваат подалеку од очите на јавноста. Нeмаат планови за венчавка“.

Веќе подолго време се шпекулираше дека Хана и Петар очекуваат дете, а Петар неодамна ги отфрли таквите пишувања па рече:

„Првпат слушам за тоа. Како и многу други информации за кои се пишуваше овие денови, ниту оваа не е вистинита. Тончи Хуљиќ, таткото на мојата девојка, откако ја напиша ’Поп Мисата‘ стана уште попримерен и им забрани на децата да прават што било пред брак“.

За потсетување, Петар Грашо 24 години беше во врска со пејачката Данијела Мартиновиќ. Тие врската ја прекинаа во мај минатата година.

Само неколку месеци подоцна тој ја започна романтичната врска со ќерката на неговиот добар пријател Тончи Хуљиќ, Хана, која е 14 години помлада од него и која ја знае уште додека била дете.

По веста за бременоста на Хана, се огласи и Данијела Мартиновиќ на својот Инстаграм профил, објавувајќи цитат, кој многумина протолкуваа дека се однесува на целата ситуација со нејзиниот поранешен партнер. 

„Каков би бил светот, ако некои големи луѓе низ историјата се откажале затоа што никој не бил ниту покрај, ниту пред нив да им ракоплеска. Сепак историјата ја менуваа поединци, а не групи и глутници“.

hana-huljikj-e-bremena-otkako-prethodno-petar-grasho-izjavi-deka-tatko-i-ne-im-dozvoluva-seks-pred-brak-02.jpg

Во минатото Данијела говореше дека за неа мајчинството е мошне тешка тема, дека многу би сакала да стане мајка, но, го прифатила и фактот дека може да биде среќна ако тоа никогаш не се случи.

Прочитајте и Се огласи за Петар Грашо + факти за односот на Данијела Мартиновиќ и семејството на неговата нова девојка

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Петар Грашо за ќеркичката: „Здравко Чолиќ ни беше на гости и запеа, а таа му рече – доста пееш, глед... „Здравко беше кај нас пред неколку месеци, тоа беше многу слатка ситуација. Се д...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава