Моќна објава на Босанка: „Не сте доктори. Не сте нутриционисти. Не сте психолози.“

„Ако некому му е тешко, можете да сослушате, да насмеете, да прегрнете, да направите колач, а не да давате дијагнози. И сè може да ви се случи во животот. Престанете со тоа ‘јас никогаш’…“.

ne-ste-psiholozi-pregrnete-i-nasmejte-a-ne-davajte-dijagnozi-01.jpg

Бранкица Раковиќ од Босна и Херцеговина е жена која отворено ја документираше својата борба со ракот и тоа двапати.

Таа постојано прикачува фотографии од своето секојдневие и пишува искрено за работите кои ѝ се случуваат со цел да ги охрабри и другите жени што водат иста битка, но и општо да ги охрабри сите кои водат некаква животна битка.

Овојпат во нејзината објава многумина ќе се пронајдат:

Ајде да разговараме за СОВЕТИТЕ.

Не сте доктори. Не сте нутриционисти (освен ако навистина сте).

Не, вие не можете да знаете што ќе му помогне некому за имунитетот. Затоа што имунитетот е нешто за кое луѓето често учат со години на училиште. Па проучуваат низ практика, па повторно нешто ги изненадува и кај секој, како што е отисокот од прст, има нешто свое.

Не сте психолози.
Ако некому му е тешко, можете да сослушате, да насмеете, да прегрнете, да се јавите, да направите колач и пак да прегрнете.
Но, не поставувајте дијагнози. Не трчајте да нудите решенија, иритира.
Уште полошо, не глумете терапевти/психолози/психијатри, па да тврдите дека ТОА НЕ Е НИШТО И ЌЕ ПОМИНЕ. Соберете се и не велете „Тоа е во твојата глава“ – НИКОГАШ.

Не мешајте се во туѓите односи.
Во НАЈДОБАР случај ја знаете само едната страна. И тоа она што е изговорено на глас. Односот составен од тишина, минато, различни карактери, ситниците од потсвеста не го знаете. И зошто би имале потреба да знаете за нечии односи, за смрт на нечии односи или за бесмислено продолжување на односите?
Соберете се и погрижете се за своите односи.

И бидете понежни. Во сите облици.
Пред да го дигнете носот, подигнете го погледот кон оној на кој се лутите, можеби му е тешко.
Пред да го дигнете гласот, обидете се да изброите до 20 и да го прегрнете тој некој за да помине.
Пред да осудите, обидете се да замислите дека вие или некој кој ви е вам важе дека е во таа ситуација.

И сè може да ви се случи во животот. Престанете со тоа „јас никогаш“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
Едита Арадиновиќ се појави во 5-тиот месец од бременоста во емисија, откако таткото на детето ја ост... Едита Арадиновиќ блеска во бременоста, иако среде бременост раскина со таткото н...
„Не е точно дека е бремена, но сакам да имаме дете“ - Саша Ковачевиќ искрен откако по 8 години ја за... „Ние сме свршени речиси осум години, откако се запознавме. Ништо не се пром...
Јелена Карлеуша (47) разочарана од кошаркарот (31) со кој ја поврзуваа: „Не сакал омразата кон мене ... „Се сеќавате на онаа приказна од летово дека сум во врска со оној кошаркарот. Ко...
Слаѓа Делибашиќ за љубовта со бившиот Ѓоле Џогани: „Не можевме еден без друг, беше строг и знаеше ка... Ѓоле неодамна за Слаѓа рече дека таа сакала друг живот, паднала на спонзори кои ...
Харис Џиновиќ за бившата Мелина: „Не можам да ја наречам дама, премногу ѝ давав слобода, ѝ здосадив“... „Кога реков дека премногу давав, не мислев на финансискиот дел, туку на слободат...

Најчитани неделава