На оваа Србинка најголем предизвик ѝ била работата во ФБИ, каде била дел од мрежата за спасување на жртви од синџирот на трговија со луѓе. „Најшокантно од сè ми беше тоа што луѓето кои беа вмешани во трговијата со луѓе, односно со проституцијата, најчесто беа блиски пријатели и членови од семејството на жртвата“, раскажува Јелена Миладиновиќ (31) од Белград.