Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Запросување на Македонка во Солун на зајдисонце, покрај море со букет бели рози (фото)

„Се запознавме во Штип, додека бевме на студии. Најинтересно беше тоа што имавме исто презиме, а не знаевме ништо еден за друг. Потоа, спонтано од пријателство, излезе љубовна врска...“, вели Благица Топалова (26) од Велес за CRNOBELO.com.

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-solun-na-zajdisonce-pokraj-more-so-buket-beli-rozi-foto-01.jpg

Благица Топалова (26) од Велес беше запросена на својот роденден на 30-ти април од страна на саканиот Ѓорги Топалов (25) од Штип, во Солун на зајдисонце.

Ѓорѓи ја изненади својата партнерка со прстен и рози, наместо со торта и свеќички.

Благица за CRNOBELO.com споделува детали за нивната љубовна врска:

„Се запознавме во Штип, додека јас бев студентка на општа медицина во 4-та година на Факултетот за медицински науки, а тој беше 3-та на Факултетот за туризам и бизнис логистика.

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-solun-na-zajdisonce-pokraj-more-so-buket-beli-rozi-foto-02.jpg

Најинтересно беше тоа што имавме исто презиме, а не знаевме ништо еден за друг.

Од пријателство од 2019 година, спонтано излезе љубовна врска.

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-solun-na-zajdisonce-pokraj-more-so-buket-beli-rozi-foto-05.jpg

Запросувањето беше во Солун на зајдисонце покрај морето за мојот 26-ти роденден, иако очекував дека баш на тој ден ќе дувам свеќи. Но, добро, нема роденденски свеќи нема менување презиме (ха-ха)“. 

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-solun-na-zajdisonce-pokraj-more-so-buket-beli-rozi-foto-07.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-solun-na-zajdisonce-pokraj-more-so-buket-beli-rozi-foto-06.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-solun-na-zajdisonce-pokraj-more-so-buket-beli-rozi-foto-04.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-vo-solun-na-zajdisonce-pokraj-more-so-buket-beli-rozi-foto-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка направи уникатно откривање на полот на бебето со торта со обоена внатрешност (фото+видео) „Ова беше огромно изненадување, бидејќи според генетската историјата на семејств...
Врчак ужива на одмор во луксузен ресорт на море (фото) Пред извесен период најави нови музички проекти, а во меѓувреме Раде Врчаковски ...
Maкедонка, што живее во САД, го откри полот на бебето со натпис на куќата и украси во дворот - најср... „Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дозн...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Вирален хит: Македонка во забавно видео покажа како звучи нашиот јазик со различни странски акценти „Ма леле колко јас сакам да причам македонски – водата, лоптата, масата, топката...
Жарко Димоски доби син и објави прва фотка, Слаткар и Сања Николиќ на прошетка во Солун: Што прават ... Актерот Жарко Димоски со сопругата Андреа доби син, па шеговито се пожали: „Еден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg