Македонка и Босанец се запознале во Германија, се свршија на Кипар, а направија бајковита свадба на Сејшели (фото)
Испративме документи за да ни одобрат од таму и сето тоа се одвиваше преку мејлови и за два-три месеци сè беше организирано.

Декорацијата ја одбравме ние и сакавме сè да биде бело со зелени детали. Потоа, имаше бели рози и кокос за нашите бурми затоа што тоа ме асоцира на плажа и на океан.

Малку бев скептична зошто не знаев што нè чека кога ќе стигнеме таму, но сè испадна беспрекорно.

Таму отидовме сами ние двајцата и добивме сведоци за потпишување од агенцијата, кумови кои не ги знаевме (ха-ха).

На денот на венчавањето нè чекаше автомобил со приватен возач, а внатре имавме пијалаци и нè однесе на плажата каде сè одвиваше целата церемонија. Плажата се викаше Баие Лазаре.
