Моќната претстава на битолските гимназијалци - крик за подобро општество

Храбра и моќна претстава која руши општествени табоа и без страв ги критикува аномалиите на нашето општество: непотизмот, корупцијата, партиските варботувања, недостатокот на доктори, промената на идентитет за бугарски пасош… Ова се само дел од проблемите за кои битолските гимназијалци од СОУ „Јосип Броз –Тито“ проговорија без влакна на јазикот во претставата „Далеку, а сосема тука“ која вчера ја имаше својата премиера на летната сцена во Тумбе кафе.

mokjnata-pretstava-na-bitolskite-gimnazijalci-krik-za-podobro-opshtestvo-01.jpg

Во претставата беа вклучени над триесет средношколци , па наликуваше дека е работена од голем театарски ансамбл. Нивна беше изведбата на улогите, режијата, костимографијата, сценарио, кореографија и други елементи Претставата ја режираше матурантката Бисера Стефановска, а ментор на прокетот беше професорката по класични јазици Софија Бејковска. Како асистент на режија и сценарио се јавува Ангела Цветковска и асистент на сценарио Ана Марија Петровска.

mokjnata-pretstava-na-bitolskite-gimnazijalci-krik-za-podobro-opshtestvo-02.jpg

Битолската публика одамна нема погледнато толку храбра претстава која меѓудргото отворено говори и за проблемите што ги тераат младите да си заминат. Највпечатлив беше делот кога некои од средношколците на сцена се претставија како политичари ветувајќи дека мед и млеко ќе тече, а младите изгледувајќи од разлчични делови од публиката ги растргнаа со прашања.

mokjnata-pretstava-na-bitolskite-gimnazijalci-krik-za-podobro-opshtestvo-03.jpg

„А претходните вертувања? На чиј грб се покачуваат платите на политичарите? Не е ли себично, во името на нашите предци да не залажувате да останеме во оваа земја? Денес се правите слепи при очи, кои се вашите примери за посветла идниа- болницата која е пред затворање и нема соодвбетен кадар да ги лечи нашите деца? Не убедувате дека треба да останбеме да живееме овде, а треба да сведочиме како нестручно не оперирате, сечите и шиете“, рекоа младите.

mokjnata-pretstava-na-bitolskite-gimnazijalci-krik-za-podobro-opshtestvo-04.jpg

„Кој ќе не заштити, правосудниот ситем кој не̍ изневери сите нас? Подмитените чувари на правдата? Вашето коруптивно однесување и сласт за пари ги контаминираше сите општествени морални вредности. Луѓето се хранат по контејнери, просат, а вие отмено облечени беседите за иднината, финасии, реформи, тендери, добивки...Треба да си уморен самостојно работејќи три смени за да порехраниш две малолетни деца. Дајте им внимани и можност на нашите кадри да успеат во нашашата држава“, рекоа гимназијалците.

mokjnata-pretstava-na-bitolskite-gimnazijalci-krik-za-podobro-opshtestvo-05.jpg

„Сакам само нов свет каде што владее почитта, каде не оставаме гнили луѓе да владеат, сакам промена мајко“, беше крикот на Персефона која одлично ја толкуваше талентираната Ангела Цветковска. Дијалогот со емотивна глума го направи помоќен и Теодора Јовчевска како Деметра.

mokjnata-pretstava-na-bitolskite-gimnazijalci-krik-za-podobro-opshtestvo-06.jpg

На крај младиот театарски колектив порача дека сето ова ќе го победат со љубов зашто „вашето време заврши“.

„Претстава низ митолошкото и политичкото минато води до сегашноста за да пренесе дека секоја пречка во животот е минлива и менлива. На сцената испреплетени одекнуваат страдањата на жените од војни и насилство, неправдите нанесени врз праведниците низ историјата, болката и љубовта на мајката за своето чедо, доаѓањето на новата мисла, потребата за промена, смената на поредокот и за крај, сенката на несигурната иднина која демне врз сите“, рече професорката Бејковска.

mokjnata-pretstava-na-bitolskite-gimnazijalci-krik-za-podobro-opshtestvo-07.jpg

Претставата ќе има свои изведби и на први и втори јуни. Беше искажана голема благодарност кон Општина Битола која се јавува како покровител на претставата и директорката на Гимназијата Лидија Споа за несебичната поддршка. Со ова уште еднаш се потврди дека Горната гимназија во Битола има сериозен капацитет за сложени младински проекти и дека од секогаш била расадник на талентирани кадри за драмски уметности. Ж.Здравковска

mokjnata-pretstava-na-bitolskite-gimnazijalci-krik-za-podobro-opshtestvo-08.jpg

Улогите ги толкуваат учениците:

  • Василиј Тасевски - Хад
  • Ангела Цветковска - Персефона
  • Михаил Јанески - Зевс
  • Анастасија Трајковска - Афродита
  • Теодора Јовчевска - Деметра
  • Дамјан Каранфиловски - Сократ
  • Бојана Тодорова - Гај Јулиј Цезар и ученик на Сократ
  • Илиана Николовска - Атена
  • Анастасија Бејковска - Клитајмнестра
  • Ивана Парговска - Касандра
  • Селма Мемиш - Пенелопа
  • Ана Марија Петровска - поетесата Сапфо и граѓанин
  • Петра Димитровска - Судија на Сократ и заробеник во Платоновата пештера
  • Катја Златевска - заробеник во Платоновата пештера
  • Теона Петровска - заробеник во Платоновата пештера
  • Викторија Марцевска - сенка од Подземјето
  • Емилија Трајковска - сенка од Подземјето и граѓанин
  • Михаела Нешкоска - сенка од Подземјето
  • Тамара Белевска - сенка од Подземјето
  • Марија Димоска - следбеничка на Деметра и граѓанин
  • Нина Дејаноска - следбеничка на Деметра и поетеса во Подземјето
  • Ангела Гарабиљевиќ - следбеничка на Деметра и граѓанин
  • Ана Богдановска - следбеничка на Деметра и ученик на Сократ
  • Томе Јолевски - граѓанин
  • Бора Килич - чувар на власта
  • Лука Тренчевски - чувар на власта
  • Лука Димовски - чувар на власта.

mokjnata-pretstava-na-bitolskite-gimnazijalci-krik-za-podobro-opshtestvo-09.jpg

Светло мајстор ќе биде Никола Георгиевски, кореографија на Ана Марија Петровска, а костимографија и сценографија: Јана Богдановска, Јована Неделкова, Ема Костова , Јована Силјанова и Марија Тодоровска. Аудио монтажа и графичкиот дизајн ги изработи Лука Петровски, камера Давид Козарев, а фотографијата Мила Петковска.

Водители на настанот се Лука Лозановски и Јана Стојчевска.

mokjnata-pretstava-na-bitolskite-gimnazijalci-krik-za-podobro-opshtestvo-10.jpg

Погледнете дел од претставата:

Би можело да ве интересира:

Мешана салата - 340 денари, шопска - 360 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2023-та? Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 3...
Стефан Лазаров прави свадба со Марта - бели гулаби пред црква, традиционални обичаи: „По 7 години вр... „Во врска сме скоро 7 години. Се запознавме во 2016-та година, Марта беше сè ушт...
Уште една хероина заѕвони на ѕвончето на Детска клиника - малата Ангела ја победи болеста, а братчет... „Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg