Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој живее во Данска, таа во САД

Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Америка, а него во Данска. Откако пред неколку години повторно се сретнале, почнале врска, која наскоро ќе ја крунисаат со брак.

bajkovito-zaprosuvanje-na-makedonka-pokraj-sena-vo-pariz-so-pogled-na-ajfelovata-kula-01_copy.jpg

Костадин (26) од Ресен по 4 и пол години врска ја побара за сопруга Ерика (23) од Ресен во еден од најромантичните градови на светот – Париз.

Тој ѝ подготви романтично запросување покрај брегот на реката Сена, додека во позадина трепкаа светилките на Ајфеловата кула.

bajkovito-zaprosuvanje-na-makedonka-pokraj-sena-vo-pariz-so-pogled-na-ajfelovata-kula-02_copy.JPG

Костадин и Ерика се од ист град, но животот ги однел на различни страни – неа во Америка, а него во Данска.

Откако пред неколку години повторно се сретнале, почнале врска, која наскоро ќе ја крунисаат со брак.

bajkovito-zaprosuvanje-na-makedonka-pokraj-sena-vo-pariz-so-pogled-na-ajfelovata-kula-06.jpg

Нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com ни ја раскажа Костадин:

„Двајцата сме од Ресен, но јас живеам во Данска, а таа во Америка. Се запознавме многу одамна, уште кога двајцата живеевме во Ресен.

По неколку години повторно се сретнавме, кога во исто време и двајцата бевме на одмор во Ресен.

bajkovito-zaprosuvanje-na-makedonka-pokraj-sena-vo-pariz-so-pogled-na-ajfelovata-kula-05.jpg

Почнавме да се дружиме како пријатели и тоа полека напредуваше во значајна врска.

Оттогаш поминаа околу 4 и пол години, а ние уживаме во љубовта.

bajkovito-zaprosuvanje-na-makedonka-pokraj-sena-vo-pariz-so-pogled-na-ajfelovata-kula-04.jpg

Јас повеќе од 2 месеца се подготвував да ја прашам да се омажи за мене.

Подготовките за запросувањето ги направив заедно со фотограф од Париз, кој ми помогна за сè да изгледа магично.

Таа беше изненадена и навистина среќна поради предлогот.

bajkovito-zaprosuvanje-na-makedonka-pokraj-sena-vo-pariz-so-pogled-na-ajfelovata-kula-07.jpg

А го избрав Париз затоа што е нејзиниот омилен град и отсекогаш сакала да го посети градот на љубовта. 

Кога клекнав на колена и ја побарав за сопруга, имаше многу луѓе кои ни аплаудираа и ни честитаа“.

bajkovito-zaprosuvanje-na-makedonka-pokraj-sena-vo-pariz-so-pogled-na-ajfelovata-kula-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славчо од Охрид ја запроси Камилле од Бразил на Канеo: „Пред 2 години ѝ кажав дека еден ден ќе ја за... „Се запознавме во Португалија и далечината ни беше проблем, но љубовта победи. П...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
„Кога јас го носам детето на детски роденден, маж ми гледа ТВ, кога тој го носи - јас чистам, раскре... Мајка од САД вели: „Зошто мажите имаат време и за одмор и за хоби, додека жените...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Мартија наполни 21 година: Се бакнува со дечкото, прослави и со семејството и со пријателите Мартија наполни 21 година и во еден ден двапати славеше роденден со своите најбл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg