Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Марија и Бојан од „Eye Cue“ на незаборавно крстарење - ги посетија островите Сардинија и Корзика (фото)

Пловење на јахта, сончање на палуба, пливање во кристално чистите води на Медитеранот... Марија и Бојан од „Eye Cue“, вљубениот пар кој живее во Лондон, ужива во летувањето на островите Сардинија и Корзика...

marija-i-bojan-od-eye-cue-na-nezaboravno-krstarenje-gi-posetija-korzika-i-sardinija-foto-01.jpg

Марија Ивановска и Бојан Трајковски од „Eye Cue“ се на незаборавно крстарење по Медитеранот. Тие досега ги посетија познатите острови Сардинија и Корзика.

Сардинија е вториот најголем остров во Италија и во Тиренското Море, со површина од 24.090 км2. 

Корзика, пак, е француски остров, кој се наоѓа западно од Италија и е поблиску до италијанското, отколку од француското копно. Островот е познат и по тоа што таму, во градот Ајачо, е роден Наполеон Бонапарта.

Популарниот пар деновиве постојано објавува фотографии и видеа од крстарењето - додека се сончаат на јахтата, од Бојан кој управува со јахтата, од волшебните гратчиња што ги посетија на паузите од крстарењето, но и Марија без шминка, и со природна убавина, која заруменела од силното сонце.

„Вистинска сирена“, е еден од коментарите за Марија, која во розов костим за капење се сонча на јахтата додека крстарат со Бојан.

Популарниот пар не крие дека ужива во летувањето.

Тие впечатокот го дополнија со многуте фотки од двата популарни острови.

Погледнете ги фотките од Марија и Бојан на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Ретка снимка од Тоше пред да стане славен - Видео старо околу 30 години е хит на Инстаграм На снимката стара околу 30-тина години, Тоше пее и свири на гитара во родното Кр...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Каролина Гочева објави забавни фотки од турнејата во Германија - Како патува со бендот, се спие дури... Од тоа како ја шминкаат пред настап до како патува со членовите од бендот и прав...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...
Крива Паланка е сцена од празнична бајка во пресрет на 2025-та (фото) И додека Скопје уште го чека новогодишното китење, Крива Паланка блесна во полн ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg