Македонка инспирира: По операцијата на мозокот поради која повторно учеше да оди - учествуваше на Скопскиот маратон

„Гордост наша“, „Жена планина“, „Ангела инспирација си“, „Јунак жена си“, „Браво, следниот маратон ќе е со многу поголем успех“, пишува во коментарите кои ги доби Ангела Здравковска, откако ја помина целта на Скопскиот маратон, 4 години по тешката операција на мозокот.

makedonka-inspirira-po-operacijata-na-mozokot-poradi-koja-povtorno-ucheshe-da-odi-uchestvuvashe-na-skopskiot-maraton-01.jpg

Пејачката Ангела Здравковска, која по професија е магистер по право на интелектуална сопственост, првпат учествуваше на Скопскиот маратон, 4 години откако имаше тешка операција на мозокот, поради која мораше повторно да учи да оди.

Ангела, која на Инстаграм е позната како kalesh.angja, објави видео како се движи кон целта и ја поминува, додека публиката ѝ аплаудира.

makedonka-inspirira-po-operacijata-na-mozokot-poradi-koja-povtorno-ucheshe-da-odi-uchestvuvashe-na-skopskiot-maraton-05.jpg

„Мојот прв Скопски маратон. Буквално трчав при крајот. Фала за сите кои стоеја покрај патеката за трчање, кои нè поддржувавте и аплаудиравте. И вие што нè чекавте на крај.

Важно е кој те чека на целта! Следна година ќе биде подобро.

Мојот тајмер покажа 12 минути подобро време од Битола. Чекам официјални резултати“, напиша таа.

makedonka-inspirira-po-operacijata-na-mozokot-poradi-koja-povtorno-ucheshe-da-odi-uchestvuvashe-na-skopskiot-maraton-02.jpg

Брзо потоа Ангела откри дека навистина го подобрила своето време за 12 минути и дека е презадоволна.

„Гордост наша“, „Браво девојче“, „Да редиш и други маратони“, „Ангела инспирација си“, „Јунак жена си“, „Браво, следниот маратон ќе е со многу поголем успех“, „Жена планина“ се дел од коментарите кои ѝ го оставија пријателите.

makedonka-inspirira-po-operacijata-na-mozokot-poradi-koja-povtorno-ucheshe-da-odi-uchestvuvashe-na-skopskiot-maraton-03.jpg

Ангела ја почна кариерата со учеството во шоуто „Мак ѕвезди“.

На Ангела пред 4 години ѝ е дијагностициран апсцес на мозокот, кој морал да се отстрани со операција. По ова, Ангела поминала процес на рехабилитација во кој повторно учела како да оди.

Скоро 2 години подоцна, таа почнала да се движи самостојно, а денес се чувствува одлично.

Апсцес на мозокот е вид на инфекција на мозокот, најчесто предизвикана од бактерија, при што се акумулираат гној и мртви клетки помеѓу черепот и сивата маса.

Тоа е сериозна медицинска состојба, опасна по живот, иако е ретка. Иако дијагнозата на оваа инфекција е комплицирана, особено во раните фази, новите методи за снимање на мозокот (магнетна резонанца, компјутерска томографија и слично) значително го олеснија точното и рано идентификување на мозочните апсцеси.

makedonka-inspirira-po-operacijata-na-mozokot-poradi-koja-povtorno-ucheshe-da-odi-uchestvuvashe-na-skopskiot-maraton-04.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...

Најчитани неделава