Ева Нединковска: „Чекав ред во државна институција, се најдов во небрано и жена ми ‘тутна’ 50-денарка во рака“

„Чекам на шалтер. Носам само картичка, кеш во мене немам. Забележувам дека сите плаќаат во готово. Ја прашувам редицата погласно: ‘Со картичка може ли да се плати?’, за да знам дали да чекам ред или да барам банкомат во близина“, ја започнува Ева Нединковска приказната, која ни ја враќа вербата во добрината на луѓето.

FotoJet_3.jpg

Поранешната пејачка, Ева Нединковска, која долги години успешно се занимава со бизнис, повторно го привлече вниманието на јавноста.

Но, овојпат тоа беше со статус на Фејсбук, каде што таа раскажа како доживеала чин на љубезност од тројца непознати луѓе додека чекала ред на шалтер во државна институција.

Воодушевена од нивната постапка и несебичност, Ева вели дека за момент ѝ се насолзиле и очите, бидејќи сфатила дека луѓето поради брзото темпо на живот не ги забележуваат убавите работи околу себе, повеќе сакаат да даваат, а поради гордоста не сакаат да примат некој од малите подароци кои ги носи денот – љубезна насмевка, убав збор, дури и нешто материјално што им треба во моментот.

mokjna-objava-na-eva-nedinkovska-shto-inspirira-dozhiveav-3-china-na-ljubeznost-od-nepoznati-lugje-me-rasplakaa-03.jpg

„Не ја наплаќај својата љубезност“, заклучува Ева.

Нејзиниот статус стана вирален и почна да се споделува на социјалните мрежи, со надеж дека ќе се прошири пораката да ја прифатиме помошта што ни ја нудат дури и непознатите, но и да не бараме ништо за возврат кога ќе направиме нешто за некого.

Прочитајте ја моќната порака од Ева:

„На шалтер, во државна институција, утрово.

Претходно си мантрав благодарности и трпение бидејќи многу ги 'љубам' државните шалтери. Чекам ред за заверка и наплата. Релаксирано, нигде не брзам, таман со време...

Носам само картичка, кеш во мене немам. Непромислено или прелабаво, не е ни важно сега.

Забележувам дека сите плаќаат во готово. Ја прашувам редицата погласно:

„Со картичка може ли да се плати?“, за да знам дали да чекам ред или да си заминам и да барам банкомат во близина.

„Не, не може со картичка,“ ми одговори една повозрасна жена која штотуку беше завршила на шалтерот.

„Еве, на ти 50 денари, 40 ми побараа мене“ и ми ‘тутна’ педесетденарка над сината папка документи која ја држев, онака, брзо, мајчински.

Се изненадив, па ми падна она македонското незгодно, па се разнежнив.

„Не, не мора, ќе се вратам“, ѝ ги враќам љубезно, а таа со строга сигурност: „Ајде, ајде, гледај да завршиш работа брзо“, и се упатуваше кон излезот.

„Дајте ми број, сакам да ви ги вратам и да ве почестам нешто“, одам по неа.

„Аууу таман работа, какво честење!“ и излета.

mokjna-objava-na-eva-nedinkovska-shto-inspirira-dozhiveav-3-china-na-ljubeznost-od-nepoznati-lugje-me-rasplakaa-04.jpg

Продолжувам да чекам и за кратко доаѓа повозрасен човек.

„Сега си ти на ред?“ ме праша нестрпливо.

„Да, но слободно застанете пред мене“, му се насмевнав и се поместив наназад.

„Во ред е, ќе почекам“, омекна откако му пуштив место и отстапи.

Дојдов на ред и ги дадов документите.

„80 денари“, побара жената на шалтерот.

„Ооо, јас имам само 50 денари кеш и имам картичка... мислев имате пос терминал...“

„Не е проблем, јас ќе го дадам другото“, ми се насмевнува жената на шалтерот.

Многу насмевки денес.

„Еве 10 денари од мене“, става под шaлтeрското прозорче повозрасниот човек зад мене, како да сакаше да возврати за мојата спремност да го пуштам пред мене.

Жената на шалтерот ми кимнува отпусно и ми вика: „Готово, сè е во ред, убав ден.“

mokjna-objava-na-eva-nedinkovska-shto-inspirira-dozhiveav-3-china-na-ljubeznost-od-nepoznati-lugje-me-rasplakaa-02.jpg

Се насолзувам. Милост.

Не поради тие 50 денари од жената, 10 од мажот и 20 од жената на шалтерот, туку поради трите чина на љубезност во помалку од 15 минути во еден ден. Љубезност која ретко ја доживуваш денес.

И ја примив сета таа љубезност со отворено срце. И благодарност дека ми се вкрсти патот денес со три меки срца.

Честопати нашата гордост не дозволува да ги примиме навидум малите подароци кои денот ги носи. Понекогаш тоа е нашето брзање и нервоза, нашето слепило за луѓето околу.

А луѓе има. Сè уште има. Само слепи од брзање, себенасоченост и гордост ние ретко ги забележуваме.

Исто, полесно ни е да дадеме отколку да примиме. И полесно ни е да зборуваме дека сме дале отколку дека сме зеле.

А често кога ние луѓето даваме, подоцна ја наплаќаме својата љубезност. Очекуваме возврат.

Ова денес беше чист акт на спонтана љубезност. Лекција од тројца непознати. Благословени да се.“

Прочитајте и Во екот на популарноста се повлече од музичката сцена - Каде е денес и што прави Ева Нединковска?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
„Гордост татина“ - Синот на Перо Антиќ е матурант - мајка му е горда на него, татко му го однесе на ... Со бордо костум и црна кошула, Лука Антиќ блеска на својата матурска прослава. П...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...

Најчитани неделава