Перо Антиќ се огласи по скандалот за наводната тепачка со бившиот на Катарина Ивановска: „Се пишува за лик кој не постои во мојов живот“

„За мене е јадно да се пишува за случка која не се случила како опишаното, за лик кој не го ни познавам, а уште помалку за лик кој не постои во мојов живот. Зарем мислите дека некој може да ме избрка од кој било локал, каде било?“, напиша на Инстаграм Перо Антиќ, по наводната тепачка со Цобе, поранешниот партнер на Катарина Ивановска.

pero-antikj-se-oglasi-po-skandalot-za-navodnata-tepachka-so-bivshiot-na-katarina-ivanovska-01.jpg

Се огласи Перо Антиќ откако неколку медиуми вчера (31.10) објавија дека тој, се степал со поранешниот партнер на Катарина Ивановска, Цобе, со кого моделот има две деца. Во тепачката, наводно „летале“ чаши на сите страни, а Антиќ бил избркан од локалот.

По ова претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, даде свој коментар за целата ситуација.

pero-antikj-se-oglasi-po-skandalot-za-navodnata-tepachka-so-bivshiot-na-katarina-ivanovska-02.jpg

На својот Инстаграм, Перо Антиќ напиша:

„Никогаш јавно не се обраќам за нешто напишано, уште помалку ми паѓа на памет да се објаснувам, ама се претерува со апсолутно никаква новинарска етика и неинформирани извори.

За мене е јадно да се пишува за случка која не се случила како опишаното, за лик кој не го ни познавам, а уште помалку за лик кој не постои во мојов живот.

Зарем мислите дека некој може да ме избрка од кој било локал, каде било?

За жал, со сите овие натписи само ја храниме младината со токсини, наместо да ги информираме за спорт, култура, уметност и да ги учиме на вистински вредности.“

pero-antikj-se-oglasi-po-skandalot-za-navodnata-tepachka-so-bivshiot-na-katarina-ivanovska-03_1.jpg

Тепачката, наводно се случила во познат скопски ноќен клуб поради Катарина, која сега веќе му е бивша и на Антиќ. Наводно, Цобе фрлил шише и чаша кон Перо, но наместо него, погодил трето лице.

По ова реагирало обезбедувањето и Антиќ, наводно, бил избркан од клубот.

pero-antikj-se-oglasi-po-skandalot-za-navodnata-tepachka-so-bivshiot-na-katarina-ivanovska-03.jpg

За потсетување, Перо и Катарина беа во врска откако поранешниот кошаркар се разведе од сопругата Ружица Антиќ, со која има три сина.

Тие долго време се криеја од јавноста, но се појавија заедно на премиерата на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски во Скопје и на уште неколку настани, а откако ја потврдија врската објавуваа и заеднички фотки на своите профили на Инстаграм.

Катарина од врската со Цобе има две деца, синот Вања и ќерката Кира.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешниот водител Дамјан Дренковски ја запроси саканата во САД (фото) Дамјан Дренковски по ТВ кариерата во Македонија, извесен период живееше и работе...
Тамара Тодевска позира како Хали Бери, Катарина Ивановска фрла ѓубре „со стил“ - Другарките заедно н... Овој пат двете долгогодишни пријателки одлучија да појдат на одмор со децата сам...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Катарина Ивановска на патување од соништата - Покажува како ѝ изгледа едно бајковито утро во Тоскана... Ако сон ви е да се разбудите во винтиџ автентична вила среде Тоскана со спектаку...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...

Најчитани неделава