Македонски познати личности кои се натпреваруваа во „Идол“ - Ги помните ли нивните настапи?

Ноне Неделковска, Ивона Јо, Александар Тарабунов, Виктор Апостоловски и уште многу други познати музичари од Македонија беа дел од музичкото шоу „Идол“. Погледнете и слушнете како звучеле тогаш...

makedonski-poznati-lichnosti-koi-se-natprevaruvale-vo-shouto-idol-01.jpg

Првата епизода на најпопуларното музичко шоу во светот „Идол“, осмислено од Сајмон Фулер, се емитувала на 11 јуни 2001 година во Велика Британија.

Шоуто имаше за цел да се откријат млади, талентирани пејачи, кои од жирито добиваа и критики и совети.

Кели Кларксон, една од најпопуларните американски пејачки, ја почна кариерата токму со победата во првото издание на „Американски идол“ во 2002 година.

А кај нас? Ноне Неделковска, Александар Тарабунов, Наташа Крстевска-Мијата, Дарко Илиевски, Бојан Стојков, Јана Бурче, Виктор Апостоловски, Марио Арангеловски, Ивона Јо се дел од познатите пејачи од Македонија кои својата кариера ја започнаа во музичкото шоу „Идол“.

Млади, надежни, амбициозни и со една цел - да го остварат својот сон.

Во времето кога шоуто се емитуваше само во земјите во соседството, во натпреварувањата учествуваа и млади таленти од Македонија. И постигнаа навистина голем успех.

Учеството во ова шоу им го трасираше патот до успешна кариера и кај нас надвор од македонскиот пазар.

Во 2005 година, на регионалниот „Идол“, учествуваа Наташа Крстевска - Мијата, Дејан Попов и Ноне Неделковска.

Ноне тогаш стигна до самото финале, но победата ја однесе црногорската претставничка Мина Лаличиќ.

Кога имаше само 19 години, Александар Тарабунов се претстави пред публиката на бугарскиот „Идол“ и токму ова за него беше отскочна штица за понатамошната кариера.

На бугарскиот „Идол“ учествуваше и Дарко Илиевски, кој и покрај големиот успех на музичката сцена, одлучи да се повлече и замина да живее во Америка.

Заедно со нив се натпреваруваше и битолаченцот Бојан Стојков, кој денес освен со музика, се занимава и со глума, а има и своја телевизиска емисија „Шоуто со Бојан“.

Во 2010 година во Македонија се емитуваше и македонскиот „Идол“ од кој произлегоа многу познати музички имиња како Виктор Апостоловски, Јана Бурче, Мики Секуловски, Ивона Јо...

Во жирито тогаш беа Игор Џамбазов, Калиопи и Тони Михајловски.

Победник на шоуто беше Иван Раденов.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноне Неделковска во едно од најмагичните места во Италија: „Сан Џимињано, прекрасен агол од Тоскана“ „Само уште еден прекрасен агол од Тоскана. Овој се вика Сан Џимињано“, напиша Но...
Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Ноне наполни 39 години: „Сонувам да го истражам светот со посилна половина и, ако Бог даде, со мои д... „Благословена сум што посетив 75 земји, прво преку мојата музичка кариера, а пот...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава