Емотивен Фејсбук статус: „Најубавата честитка од детенце со аутистичен спектар на нарушување“

emotiven-fejsbuk-status-najubavata-chestitka-od-detence-so-autistichen-spektar-na-narushuvanje-01.jpg

Авторката на книгата „Гласот од тишината” - Амела Мемиш Апостоловска вчера на нејзиниот профил објави фотографии со текст :

„И додека сите деца со типичен развој пишуваат честитки писма до Дедо Мраз со желби за играчки , едно дете со атипичен развој - аутистичен спектар на нарушување , едно дете со аспергер ми докажа што тоа посакува што тоа мисли и го преточил во пишана новогодишна честитка.

Ме остави без зборови љубов моја чиста искрена...“

emotiven-fejsbuk-status-najubavata-chestitka-od-detence-so-autistichen-spektar-na-narushuvanje-05.jpg

Таа често упатува поучни тескстови и пораки на социјалните мрежи безрезервно и несебично споделувајќи ги своите знаења со сите.

emotiven-fejsbuk-status-najubavata-chestitka-od-detence-so-autistichen-spektar-na-narushuvanje-02.jpg

Веднаш после промоцијата на книгата го основа Здружението за личен развој , едукација и психолошка помош и подршка Гласот од Тишината-Скопје чии основни цели се :

- Поттикнување на семејствата и локалната заедница за вклучување во процесот на образование на децата и потребата од психолошка помош и поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства

- Психолошка помош и поддршка на деца и родители на деца со посебни потреби

- Стручно психолошко советување за менталното здравје

- Психолошка поддршка и консултации за потешкотии во училиште, семејство, партнерство и проблем на работно место

- Делување во насока на унапредување и усовршување на психолошката состојба на лицата со попреченост во согласност со поединечните потреби и способности на лицата со попреченост со цел унапредување на нивното ментално здравје и психолошка состојба

- Психо-социјална поддршка на најранливите социјално загрозени граѓани, лицата со попреченост и нивните семејства

- Индивидувално и семејно и системско советување

- Работа на себе, личен раст и развој

- Индивидуална работа за изнаоѓање решенија за проблем или потешкотија

- Едукација на населението за прифаќање на различностите како и едукација за можностите за покренување иницијативи на граѓани, преку организација на дебати, работилници, јавни трибини

- Организирање на индивидуални и групни тренинзи и обуки

- Создавање различни можности за креативно изразување на децата со попреченот

- Осознавање и утврдување на влијанието на прекумерното користење на современите технологии, врз растот и развојот на децата, особено на нивните когнитивни способности

- Подготовка и реализација на кампањи, јавни и забавни настани и предавања за јакнење на јавната свест по однос на ова прашање

- Едуцирање и помош на наставници и стручни лица чија дејност е образование на деца а заради нивно упатување и поучување за начинот и пристапот кај децата со потешкотии во развојот

- Едукација на друштва, бизнис секторот и граѓаните од сферата на прифаќање на различностите, инклузија и еднаквоста

- Обуки за наставници, лекари и родители на деца со посебни потреби

emotiven-fejsbuk-status-najubavata-chestitka-od-detence-so-autistichen-spektar-na-narushuvanje-04_copy.jpg

- Организирање на обуки и помош на родителите во ситемите за застапување на потребите на нивните деца

- Подготовка и реализација на проекти, финансирани или кофинансирани од донатори и други и институции за помош на лица со дислексија и сите нејзини пројавни облици.

- Да истражува, анализира, проследува, обврзува и активно да раководи со програми со висока ефикасност, да врши истражувања, анкети и да избира предлози кои придонесуваат за развој на напредокот на научниот, културиниот, уметникиот, економскиот, медицинскиот живот

- Промовирање на принципите на солидарност и хуманост меѓу граѓаните.

- Поттикнување на поголем пристап до образовните процеси, културата и спортот на маргинализираните и ранливите групи на граѓани – лицата со попреченост и нивните семејства

- Промовирање на инклузијата на ранливите групи на деца и младинци

- Поттикнување на поголемо учество во спортот и спортските активности на ранливите категории на деца и младинци

- Помош и заштита на лицата со попреченост и преземање на активности за запознавање со нивните права како и зголемување на истите

- Поддршка во процесот на реинтеграција во општеството на маргинализираните групи на социјално загрозени граѓани

- Заштита и зајакнување на правата на лицата со попреченост и почитување на нивната личност и достоинство

- Подигнување на свеста кај јавноста за лицата со попреченост

- Дејствување во насока на подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост

- Помагање, поддршка, обединување, насочување, едукација и информирање на лицата со попреченост нивно адаптирање и интегрирање во општествениот и социјалниот живот

- Вршење едукативна, информативна и издавачка дејност

- Поддршка на научно истражувачката работа преку разни форми на осветување, семинари, симпозиуми, конференции, дијалози во интерес на лицата со попреченост

- Вклучување на лицата со попреченост во образовниот процес и пазарот на труд со остварување на нивните права и бенефити кои се загарантирани и регулирани согласно позитивните законски прописи на нашата држава

- Размена на информации и знаења, и поврзување на стручни лица во земјата и во странство

- Организирање на средби на стручни лица, семинари и други облици на размена на нови сознанија и идеи.

- Да се обезбеди поширок пристап до третмани за децата со посебни потреби

- Подигнување на јавната свест во однос на прашањето на децата со посебни потреби

- Препознавање на училишно насилство – булинг

emotiven-fejsbuk-status-najubavata-chestitka-od-detence-so-autistichen-spektar-na-narushuvanje-03_copy.jpg

- Организирање на едукативни семинари за наставниот кадар и стручни служби на училиштата за стекнување на вештини и знаења за спречување и справување со училишното насилство

- Одржување на едукативни предавања за важноста од препознавањето и наврменото реагирање на жртвите од булинг пред учениците

- Спроведување на кампањи за подигнување на свеста за булингот како штетна општествена појава

- Поттикнување на поголемо учество во спортот и спортските активности на ранливите категории на деца и младинци и лицата со попреченост

- Поттикнување и градење на меѓуетничка соработка и развивање на меѓуетнички дијалог кај младите.

- Градење на партнерски односи со владините институции, локалните власти, локалните и меѓународни огранизации и инстиутиите за сите прашања од јавен интерес.

- Подготовка и реализација на проекти, финансирани или кофинансирани од донатори и други и институции за помош на лица со аутизам и сите нејзини пројавни облици.

- Други неспоменати цели кои ќе произлезат од потребите и работењето на Здружението, а кои се во согласност со позитивните прописи на Р.Северна Македонија.

Амела Мемиш Апостоловск е дипломиран педагошки едукатор насока психологија , сертифицирани е во следниве стручни области признаени од МОН:

-АДХД кај училишните деца , идентификација и работа со деца со дефицит на внимание.

- Развојна динамика и развојни кризи до предучилишна возраст.

- Развој и унапредување на комуникацијата кај деца со аутизам.

- Рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална терапија (РЕ и КБТ) за анксиозни и депресивни состојби кај деца и адолесценти

- Лутина и агресивно однесување кај деца и млади – Препознавање и Одговор (ност)

- Како до инклузивно училиште за учениците со аутистичен спектар на нарушување и многу други ,

Својата доедукација од клиничка психологија ја довршува во Европските земји .

Нејзиниот пример на социјалните мрежи што го споделува од нејзиниот син е доволен показател за напредокот и поттикнување на родителите за своите деца кои се со пречки во развојот.

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава