„Две години без тебе стари, како две столетија“: Игор Џамбазов емотивен на годишнината од смртта на татко му

„Ти и јас во нашиот тегет Фиат 1300, чекаме на црвено на семафорите кај ‘Рубин кармин’. На пешачкиот поминува една исклучително згодна жена. Ти ја измерка од глава до пети, ме погледна и ми рече: ‘А? Како теткава? Згодна е?’. Јас, како од пушка одговорив: ‘Да’“ - напиша Игор и се сети на анегдота од детството со својот татко, маестро Александар Џамбазов.

dve-godini-bez-tebe-stari-ko-dve-stoletija-igor-djambazov-emotiven-na-godishninata-od-smrtta-na-tatko-mu-01.jpg

Актерот и шоумен Игор Џамбазов со емотивна порака ја одбележа двегодишнината од смртта на својот татко, маестро Александар Џамбазов.

Тој на својот Инстаграм објави фотка од татка си и раскажа анегдота која се случила пред повеќе од половина век, кога Игор имал само 7-8 години, а која дополнително ги зближила таткото и синот Џамбазови.

dve-godini-bez-tebe-stari-ko-dve-stoletija-igor-djambazov-emotiven-na-godishninata-od-smrtta-na-tatko-mu-02.jpg

„Две години без тебе стари. Ко два дена. Ама и како две столетија истовремено. Ти си мојот тато. Иако многу ретко те викав така. Уште од моите први улоги и снимања се договоривме дека ќе се викаме ‘колега’. Се сеќаваш?

Ти и јас во нашиот тегет Фиат 1300, чекаме на црвено на семафорите кај ‘Рубин кармин’. На пешачкиот премин поминува една исклучително згодна жена.

Ти ја измерка од глава до пети, ме погледна и ми рече: ‘А? Како теткава? Згодна е?’

Веројатно сакаше да ја провериш мојата машкост, иако имав само седум-осум години. Јас, како од пушка одговорив: ‘Да’.

dve-godini-bez-tebe-stari-ko-dve-stoletija-igor-djambazov-emotiven-na-godishninata-od-smrtta-na-tatko-mu-03.jpg

Ти ми се насмеа и се издиша истовремено. Ја изгледавме ‘теткицата’ сè додека не се изгуби во толпата. Кога конечно тргнавме ми кажа: ‘Ова на мајка ти нема да ѝ го кажеш, така?’

А јас ти одговорив: ‘Е нема де, нели сме колеги’. И така станавме колеги. До крај. И засекогаш ќе останеш мојот омилен колега. Колега за сите времиња.

П.С. Тања и јас сме добри. Тераме. Тука сè е по старо. Писмените се срамат дека се писмени. Неписмените се трудат да бидат уште понеписмени. И уживаат во тоа. Сè на сè стари, ништо не си пропуштил...“, напиша Игор.

За потсетување, Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 година на 86 години.

Тој беше диригент и композитор, но и еден од великаните на македонската современа музика, иницијатор за создавање на детскиот фестивал „Златно славејче“, автор на многу детски песни, но и филмска музика.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...

Најчитани неделава