Ледената Македонка Бетика се расплака пред експедицијата на Алпите: Татко ѝ со моторна пила нацрта срце во мразот

„Тато мрази ладно, особено на стапалата, но дојде со мене на тренинг. Јас не знаев што се случува во позадина, ги отворив очите и, што да видам - по шорц и волнени чорапи, тој ја нацртал скицата и ме чекал за да ја запали ‘моторката’. Ова ми беше најубавиот тренинг, се изнаплакав“, вели Бетика, која тргнува на ледена експедиција на Алпите.

ledenata-makedonka-betika-se-rasplaka-na-trening-tatko-i-so-pila-nacrta-srce-vo-mrazot-na-rotinsko-ezero-trgnuva-na-ledena-ekspedicija-na-alpite-01.jpg

Бети Котовчевска од Ресен, позната и како ледената Македонка Бетика, ќе си го исполни сонот да замине на експедиција на Алпите во Франција, организирана од Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар кој во светот е познат како Ледениот човек (The Iceman).

Експедицијата ќе ја предводи неговиот инструктор Леандре, познат како Леденото момче (Iceboy).

Таа долго време се спремаше за овој предизвик и се капеше во ледено студена вода за да го подготви своето тело за сè она што ја очекува во Франција од 1 до 7 февруари.

ledenata-makedonka-betika-se-rasplaka-na-trening-tatko-i-so-pila-nacrta-srce-vo-mrazot-na-rotinsko-ezero-trgnuva-na-ledena-ekspedicija-na-alpite-02.jpg

Бетика, која влегуваше во студени води без оглед на ниските температури надвор, последните тренинзи ги имаше на езерото Ротино.

А, таму ја придружуваше нејзиниот татко, за кого Бетика вели дека мрази студ и мраз.

ledenata-makedonka-betika-se-rasplaka-na-trening-tatko-i-so-pila-nacrta-srce-vo-mrazot-na-rotinsko-ezero-trgnuva-na-ledena-ekspedicija-na-alpite-05_copy.jpg

Но, за да ја поддржи својата ќерка, тој дојде на езерото со неа и со моторна пила во мразот на езерото испиша I ♥ U (те сакам).

ledenata-makedonka-betika-se-rasplaka-na-trening-tatko-i-so-pila-nacrta-srce-vo-mrazot-na-rotinsko-ezero-trgnuva-na-ledena-ekspedicija-na-alpite-117.jpg

Неговиот потег ја разнежи, па таа објави неколку видеа на својот профил на Инстаграм.

„Утрово се спремав за претпоследните тренинзи пред експедицијата, а татко ми го пиеше утринското кафенце и ме праша: ‘А, да дојдам и јас може?' Потскокнав од радост. Тато мрази ладно, особено на стапалата.

Секој си го спреми ранчето и тргнавме. Јас почнав со подготовки, почна аклиматизацијата, почнав со дишење, ги затворив очите и влегов во мојот свет.

А, тато во позадина го следеше секој мој чекор. За момент се исклучив, не знаев што се случува во позадина.

ledenata-makedonka-betika-se-rasplaka-na-trening-tatko-i-so-pila-nacrta-srce-vo-mrazot-na-rotinsko-ezero-trgnuva-na-ledena-ekspedicija-na-alpite-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg