На Универзитетската клиника за урологија изваден најголемиот камен од мочен меур во последните 20 години

Камен со големина од 8 сантиметри е изваден од мочниот меур на повозрасен пациент во Македонија. Станува збор за најголемиот камен што бил изваден во Македонија во последниве 20-тина години.

na-univerzitetskata-klinika-za-urologija-izvaden-najgolemiot-kamen-od-mochen-meur-01.jpg

Докторот Азим Муса од Универзитетската клиника за урологија „Мајка Тереза“, на својот Фејсбук профил сподели видео и фотографии од хируршката постапка за вадење на каменот, кој наликува на големо јајце.

„Каменот го извадивме од уринарен меур, околу 8cm. Ова е најголемиот во последните 20 години“ – напиша докторот над објавата на Фејсбук.

na-univerzitetskata-klinika-za-urologija-izvaden-najgolemiot-kamen-od-mochen-meur-02.jpg

Инаку, се верува дека камењата во мочниот меур настануваат како последица на тоа што пациентот не е во можност целосно да го испразни и во него се задржува урина.

Често се јавува кај мажи кои имаат проблеми со зголемена простата, која го попречува слободниот проток на урината.

na-univerzitetskata-klinika-za-urologija-izvaden-najgolemiot-kamen-od-mochen-meur-03.jpg

Ако урината стои подолго време во мочниот меур, хемикалиите се кристализираат и на тој начин настануваат камења.

na-univerzitetskata-klinika-za-urologija-izvaden-najgolemiot-kamen-od-mochen-meur-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
„2 најлуди и најубави годинки“ – Синот на Антониа и Џокер полни две години, свири на клавир додека м... „Среќата наша денес полни 2 – најлуди и најубави годинки, те сакаат мама и тато“...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Дарко Панчев наполни 60 години - Златна топка и две торти за роденденот на фудбалската легенда „Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија и најпознатио...

Најчитани неделава