ДНК собраа 690.000 денари од лицитацијата на Златната Бубамара за лекување на Леонид

„Митрески Кирче од Охрид за 250.000 денари ја доби статуетката од Златна Бубамара. Но Филип Патриклиски кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), сепак решија парите да ги донираат за Лео“, напишаа Панчо и Андреј и открија дека собрале 690.000 денари на аукцијата.

dnk-leonid-01.jpg

Откако на 22.02.2024 ДНК и Врчак добија Златна Бубамара за Хит на годината за песната „Посреќна“, тие веднаш се приклучија кон хуманитарната акција која ја сплоти Македонија - својата статуетка ја дадоа на хуманитарна лицитација, а најавија дека парите ќе ги донираат за лекувањето на Леонид Индов во Австрија.

dnk-leonid-03.jpg

Лицитацијата траеше четири дена, а се одвиваше јавно преку Инстаграм профилот на Панчо, каде што секој што сакаше, можеше да наддава за престижната статуетка.

Откако добија понуда од 100.000 денари од Македонец кој живее во САД, а потоа и 200.000 од македонска компанија, тие лицитацијата ја завршија со 250.000 денари, понуда од Митрески Кирче од Охрид, за кого Панчо кажа дека нема социјални мрежи, а дека понудата е во име на неговата компанија „Топлина“.

„Драги наши. И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари.

Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе.

dnk0leonid-06.jpg

Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Филип Патриклиски кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео.

Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце“, напишаа ДНК на Фејсбук.

dnk-leonid-04.jpg

Ова е втора Златна Бубамара која ДНК ја става на лицитација. Минатата 2023-та година тие парите собрани од продажбата на статуетката ги донираа во фондацијата „Марко Божиновски“.

Прочитајте и ДНК за Леонид: Втора година по ред ја ставаат статуетката од Златна Бубамара на лицитација

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
„Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат ... „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во Кочани Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата в...
Емотивен текст до мајката на тапанарот Ѓорѓи од ДНК: „Со тешка рака името на лист за Задушница ќе му... Писателката и поетеса Билјана Андоновска, на својот профил на Фејсбук објави пес...

Најчитани неделава