Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има обилни врнежи од дожд, но и снег на повисоките места“

„Голем влажен бран ќе ја зафати територијата на Македонија денес попладне и навечер, како и во вторник. На повеќе места кај нас ќе донесе обилни врнежи од дожд на пониските места и снег на планините“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-kje-ima-obilni-vrnezhi-od-dozhd-no-i-sneg-na-povisokite-mesta-01.jpg

По неколкуте сончеви и топли денови, со релативно мала облачност, денес и утре можеме да очекуваме пообилни врнежи од дожд, па дури и од снег на повисоките места.

Во продолжение, прогнозата на метеорологот Славчо Попоски:

„Најавениот влажен бран ќе донесе воден талог од над 30 литри, а на планините снег и над 25 сантиметри.

Голем влажен бран ќе ја зафати територијата на Македонија денес попладне и навечер, како и во вторник, и истиот е поврзан со длабокиот циклонски систем кој е со центар над Џеновскиот Залив.

На повеќе места кај нас ќе донесе обилни врнежи од дожд на пониските места (локално ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен воден талог) и снег на планините, како и на некои повисоки населени места кои се на надморска височина од околу 1.000 метри.

Но, не смее да се исклучи можноста снежната граница да се спушти и нешто под 1.000 метри, особено во западните и во северните предели од Македонија.

slavcho-poposki-meteorolog-kje-ima-obilni-vrnezhi-od-dozhd-no-i-sneg-na-povisokite-mesta-02.jpg

На планините, особено во западните предели, како и на скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде и над 25 сантиметри.

Сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер, денес од јужен и од југоисточен, а во вторник од северен правец.

Во Скопје, исто така, со овој влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, денес од југоисточен, а во вторник од северен правец.

slavcho-poposki-meteorolog-kje-ima-obilni-vrnezhi-od-dozhd-no-i-sneg-na-povisokite-mesta-03.jpg

Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат во вторник, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Инаку, во следниот период очекуваме почести врнежи од дожд, како и снег на планините, што значи пред нас е значително повлажен период, со што очекуваме вистинска снежна бајка на планините, како и на скијачките центри“.

Спирова С. | Црнобело

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава