„Не гори само Универзална, гори симбол на Скопје и спомени од фестивали“ – Емотивни објави по пожарот

„Гори местото каде што се одржувале Златно славејче, Скопски фестивал, Златна Бубамара, гори симболот на солидарноста по скопскиот земјотрес изграден со помош на донации од 35 земји“ – напиша Божидар Божиновски, но и многу други граѓани се потсетуваат на спомените од Универзална, откако утрово избувна пожар кој го изгоре објектот.

ne-gori-samo-univerzalna-gori-simbol-na-skopje-i-spomeni-od-festivali-emotivni-objavi-po-pozharot-01.jpg

По пожарот кој утрово (9-ти април 2024) го зафати објектот на Универзална сала, кој веќе е локализиран, граѓаните објавуваат емотивни статуси и твитови на социјалните мрежи за објектот кој е многу повеќе од само обична градба. 

За потсетување, по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963-та година, започнала изградбата на Универзална сала, како последица од проблемот со простор во кој ќе се организираат манифестации во разрушениот град.

Во 1965-та година никна објектот кој е изграден со материјална помош од 35 земји од светот, а стана трајно одбележје и симбол на обновата на градот Скопје. 

ne-gori-samo-univerzalna-gori-simbol-na-skopje-i-spomeni-od-festivali-emotivni-objavi-po-pozharot-03.jpg

Во Универзална сала се одржани бројни културни настани, фестивали, концерти, драмски претстави, детски приредби кои будат спомени кај сите.

Во продолжение издвојуваме објави од социјалните мрежи во кои граѓаните се потсетуваат на времињата во Универзална сала:

Не гори само Универзална, гори еден симбол на Македонија, гори местото каде што се одржувале Златно славејче, Скопски фестивал, Златна Бубамара, гори симболот на солидарноста по скопскиот земјотрес изграден со помош на донации од 35 земји…

Гори срцето на Скопје.

Горат сите спомени на Скопје.

Не ве можам, се запаливте!

Со Универзална изгоре и последниот бастион на спомените на моето детство во Градот убав

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...
Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков Потег кој ќе ви го стопи срцето! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во...

Најчитани неделава