Пејачи од Македонија чии деца тргнале по нивните стапки

Некои од нив се истакнати музичари, а некои од нив допрва ги очекува блескава кариера.

pejachi-od-makedonija-chii-deca-trgnale-po-nivnite-stapki-01.jpg

Децата на познатите личности, сакале или не, од раѓање се изложени пред очите на јавноста.

За многу деца тоа станува товар, а многу познати родители решаваат да ги држат надвор од јавниот свет додека растат.

Некои од нив кога ќе пораснат го продолжуваат животот анонимно во сосема друга бранша.

Други, пак, се целосно маѓепсани од тој начин на живот и сакаат да се познати сaмо поради фактот дека и нивните родители се.

Сепак, постои и трета категорија - деца кои ги следат стапките на своите родители, но успеваат да изградат успешни кариери и име за себе. 

Тоа се млади и креативни луѓе кои ги поседуваат сите услови да ја покажат својата уметничка страна и умеат тоа да го искористат.

Ова се децата на дел од македонските пејачи кои тргнаа по нивните стапки:

Соња и Мелани Тарчуловски

Фолк-пејчката Соња Тарчуловска својата музичка кариера ја започна уште на 16-годишна возраст.

„Ден по ден“, и „Во бело“ се нејзини најголеми хитови.

Нејзината прва ќерка Мелани исто како својата мајка, многу млада започна професионално да се занимава со музика и зад себе има многу успеси.

Пред една година двете снимија и видео запис за нивниот прв дует „Маки македонски“.

pejachi-od-makedonija-chii-deca-trgnale-po-nivnite-stapki-02.jpgфото: Фејсбук

Брана Тодевска, Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ

Истакнатата оперска пејачка Брана Тодевска денес има 75 години, богата кариера зад себе и две ќерки, успешни пејачки: Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ.

Брана отсекогаш им била најголема поддршка на своите ќерки и денес сите три се исклучително блиски, па секој слободен момент го користат за заеднички дружби.

Ѓоко, Теодора и Михаил Јовиќ

Македонскиот крал на кафеаните Ѓоко Јовиќ долги години е дел од еден од најангажираните бендови кај нас, Енерџи бенд.

Талентот за музика од него го наследија и неговата ќерка Теодора и синот Михаил.

Теодора има фантастичен глас и веќе има снимено неколу кавери на популарни македонски и странски песни, заедно со својот брат, кој освен што одлично пее, подеднакво исто и свири.

Војо и Дамјан Стојаноски

„Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“ се песните кои ги испеа легендарниот Војо Стојаноски, а без кои не може да се замисли ниту една македонска свадба.

Војо, за жал, почина во 2014 година, но неговата мисија преку песна да се пренесе македонската традиција, ја продолжи неговиот син Дамјан.

pejachi-od-makedonija-chii-deca-trgnale-po-nivnite-stapki-03.jpgфото: Фејсбук

Елена Велевска и Софија Мирческа

Освен убавината, Софија од својата мајка го наследила и талентот за пеење.

Софија од многу мала покажува интерес за музиката и многупати Елена има споделено видеа на социјалните мрежи каде пее заедно со неа.

Неодамна пејачката соопшти дека Софија работи на својата професионална музичка кариера и дека македонската публика може да очекува нова ѕвезда.

/

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Софија Јанева: „На 40 дена син ми се разболе од RSV вирус, бевме на интензивна нега, со мало бебе шт... „Матео, точно на 40 дена, се разболе од RSV virus. Отидовме на интензивна нега, ...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава