Прилепчанката Ивана Ѓорѓиоска го победи ракот на лимфната жлезда: „Со двете деца во раце се изборив со болеста“

„Ивана ти си хероина на денот“, „Браво! Никогаш повеќе да не се повтори кај никого, а ти уживај во секој момент“, се дел од коментарите што оваа млада жена ги доби откако откри дека се изборила со страшната болест.

ivana-gjorgjioska-go-pobedi-rakot-na-limfnata-zhlezda-so-dvete-deca-vo-race-se-izboriv-so-bolesta-01.jpg

Ивана Ѓорѓиоска (33) од Прилеп, која се бореше со ракот на лимфната жлезда и отворено зборуваше за сите предизвици со коишто се соочува, ја победи болеста.

Таа пред една година доби дијагноза дека има рак, но храбро се избори со него. 

Сега, на својот Инстаграм, Ивана објави победнички фотографии со семејството, сопругот и двете деца, и со огромна насмевка пишува дека најтешкиот период е веќе зад неа.

ivana-gjorgjioska-go-pobedi-rakot-na-limfnata-zhlezda-so-dvete-deca-vo-race-se-izboriv-so-bolesta-04.jpg

„Конечно. Успеавме! Не знам дали се сеќавате кога пишав дека 'со двете деца во раце, ќе ја победам оваа битка'. Успеав!

Благодарна на Господ и на мојата поддршка, мотивација и инспирација што се на сликава до мене!

Благодарна на мојата фамилија, пријатели и сите вас кои од почеток до крај бевте со мене. Благодарна на мојот доктор. Ти благодарам Господе!

Господине 'раку', не оди никогаш и никаде повеќе, не си поканет, пожелен, а ни лесен за да бидеш во нечие тело“, напиша таа.

Младата жена доби огромна поддршка од своите следбеници откако ја сподели убавата вест.

„Секогаш да бидеш вака среќна и насмеана покрај своите најблиски“,

„Ивана ти си хероина на денот“,

„Браво! Никогаш повеќе да не се повтори кај никого, а ти уживај во секој момент“, се дел од коментарите.

ivana-gjorgjioska-go-pobedi-rakot-na-limfnata-zhlezda-so-dvete-deca-vo-race-se-izboriv-so-bolesta-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава