Со зурли и тапани сред село и преку 30 обичаи, Стефана и Даријан се венчаа на Галичка свадба 2024

Свадбените обичаи вечерта завршија со одењето по вода, кога невестата заедно со свадбарите оди на три чешми да наполни вода, а лицето ѝ е покриено со вел, за да се скрие од љубопитните погледи.

so-zurli-i-tapani-sred-selo-i-preku-30-obichai-stefana-i-darijan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2024-06.jpg

Галичката свадба продолжи во неделата наутро (14.07) со адетот познат како канење на мртвите, кога зетот со неколку свадбари ги посети гробовите на починатите.

Оттаму, сватовите и зетот заминаа во куќата на кумот за да го поканат на свадбата.

so-zurli-i-tapani-sred-selo-i-preku-30-obichai-stefana-i-darijan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2024-07.jpg

Адетите продолжија со бричењето на зетот, па свадбарите тргнаа по невестата.

Невестата ги пречека гостите во својата соба, од каде преку прстен го гледаше младоженецот.

so-zurli-i-tapani-sred-selo-i-preku-30-obichai-stefana-i-darijan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2024-08.jpg

Според адетот, таа додека го гледа идниот сопруг, изговара: „Низ прстен те гледам, в срце да ти влезам“.

Во дворот на невестинската куќа, свекрвата ја дарува невестата, а невестата, според традицијата, ѝ ги бакнува рацете на својата свекрва.

so-zurli-i-tapani-sred-selo-i-preku-30-obichai-stefana-i-darijan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2024-09.jpg

Таа потоа отиде сред село, каде сееше брашно.

Младенците се венчаа во црквата „Св. Петар и Павле“, од каде што отидоа сред село, играа ора и пееја, заедно со звукот на зурлите и тапаните. 

so-zurli-i-tapani-sred-selo-i-preku-30-obichai-stefana-i-darijan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2024-10.jpg

Галичка свадба е меѓу деветте фестивали во Европа кои мора да се видат, напиша „New York Times“ во 2018 година и ја стави Галичката свадба на својата листа.

Повеќе фотографии од Галичка свадба 2024 во галеријата:

А. Ј. | Црнобело / фото: МЗ Галичник



Би можело да ве интересира:

Стефанија од Струмица: „На 18 години добив просидба од соништата на Канео од мојот Мики“ „Имаше многу луѓе што се сликаа кај венецот на кој пишуваше „Marry me“. Мики пре...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...

Најчитани неделава