Со зурли и тапани сред село и преку 30 обичаи, Стефана и Даријан се венчаа на Галичка свадба 2024

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски вчера (15.07) се венчаа во црквата „Св. Петар и Павле“ пред нивните семејства, пријателите и гостите кои дојдоа од различни краишта од Македонија, но и Европа, за да бидат сведоци на годинешната Галичка свадба.

so-zurli-i-tapani-sred-selo-i-preku-30-obichai-stefana-i-darijan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2024-01.jpg

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски беа годинешните младенци на познатата Галичка свадба.

Тие, исто како и младенците во годините пред нив, „истераа“ преку 30 традиционални обичаи, заедно со стотиците статисти, за сè на свадбата да изгледа автентично како во минатото.

so-zurli-i-tapani-sred-selo-i-preku-30-obichai-stefana-i-darijan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2024-02.jpg

Оваа година, невестата има галичко потекло, односно нејзините две баби се родени таму, во семејствата Чаловски и Веновски.

Па, пред и самата да стане невеста, Стефана десет години учествувала на Галичката свадба како статист, носејќи ја носијата на прабаба ѝ Докија Чаловска.

so-zurli-i-tapani-sred-selo-i-preku-30-obichai-stefana-i-darijan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2024-03.jpg

Стефана и Даријан ја продолжија децениската традиција, која е инспирирана од желбата на жителите на Галичник да ги сочуваат обичаите на Мијаците од заборав.

Двата дена свадбени активности кулминираа кога младенците го кажаа судбоносното „да“ во црквата „Св. Петар и Павле“.

so-zurli-i-tapani-sred-selo-i-preku-30-obichai-stefana-i-darijan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2024-04.jpg

Свадбените активности почнаа во саботата (13.07) со поставување на свадбарскиот бајрак, неговото китење и симболичниот чин на „фрлање“ три пушки од куќата на зетот.

Зетот со семејството ги пречека тапаните, па сите заедно заминаа на мостот во селото, каде што свекрвата го поведе свекрвиното оро.

so-zurli-i-tapani-sred-selo-i-preku-30-obichai-stefana-i-darijan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2024-05.jpg

Потоа, пред селската чешма, се играа ората „Невестинско“ и „Тешкото“, кои се симбол на пркосот и непокорот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефанија од Струмица: „На 18 години добив просидба од соништата на Канео од мојот Мики“ „Имаше многу луѓе што се сликаа кај венецот на кој пишуваше „Marry me“. Мики пре...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...

Најчитани неделава