Музички времеплов со Дац и Александар: Се потсетија на „Бушава азбука“ и хитовите на Митевски од пред 25 години

„Музички времеплов низ спомените. Убави времиња“, велат Дац и Александар, кои споделија неколку ретро видеа од почетоците на своите кариери и ги дополнија со снимки од изминатиот период.

muzichki-vremeplov-so-dac-i-aleksandar-se-potsetija-na-bushava-azbuka-i-hitovite-na-mitevski-od-pred-25-godini-01.jpg

Дуото Дац и Александар, со неколку видеа на својот профил на Инстаграм ја разбудија носталгијата кај повозрасните генерации, кои растеа во времето на „Бушава азбука“ и кои беа тинејџери кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.

Па, така, Дац ја испеа воведната тема на „Бушава азбука“, емисијата која почна да се прикажува во 1985 година.

Во видеото се вклучени денешни снимки, но и видеа од омилената детска емисија од тоа време.

„Се сеќавам, песната ја снимавме годината кога завршив факултет“, вели Дац, пред да почне да пее.

muzichki-vremeplov-so-dac-i-aleksandar-se-potsetija-na-bushava-azbuka-i-hitovite-na-mitevski-od-pred-25-godini-02.jpg

Александар, пак, сподели две видеа, од неговите спотови - за „Латино ЦД“, песната снимена пред 24 години и „100% фанки“, хитот кој го испеа пред четвртина век, во 1999 година.

„Кого го потсеќа оваа песна на младоста? Флешбек од 1999 година до денес“, стои на Инстаграм.

muzichki-vremeplov-so-dac-i-aleksandar-se-potsetija-na-bushava-azbuka-i-hitovite-na-mitevski-od-pred-25-godini-03.jpg

Во видеата, освен спотовите за двете песни на Александар, се искористени и снимки од нови настапи на дуото, за да се направи споредбата „Некогаш и денес“.

Колку се сменети Александар и Дац од тоа време до сега?

Погледнете ги видеата:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Александар Динев: „Мајка ме застана на улица, посака да ја изненадам ќерка ѝ за роденден, ме обожава... Александар Динев и Евче ѝ го стопија срцето на малата Ева и на нејзината самохра...

Најчитани неделава