„Ајде Охриде, за спас на Галичица“ – Апокалиптични фотки од пожарот, Трпејца обвиена во чад

„Секој ден слушаме авиони кои прелетуваат на планината, собираат вода од Охридското Езеро и го гаснат пожарот“ – споделуваат на социјалните мрежи охриѓани, кои денес масовно се мобилизираат за да го изгаснат пожарот на Галичица.

ajde-ohride-za-spas-na-galichica-apokaliptichni-fotki-od-pozharot-trpejca-obviena-vo-chad-01.jpg

По социјалните мрежи се шират апокалиптични фотографии од пожарот на планината и националниот парк Галичица.

Охриѓани и преспанци со неверување ги споделуваат фотографиите на социјалните мрежи на кои се гледа како гори шумата на планината која ги дели Охридското и Преспанското Езеро.

Како што информираа од ЦУК, пожарот во изминатите денови горел на планински предел од 2.000 метри надморска височина, каде пристапот е возможен само со пешачење од најмалку 2 часа, а во неколку наврати тимовите на ТППЕ Охрид и Ресен биле транспортирани со хеликоптер на МВР.

ajde-ohride-za-spas-na-galichica-apokaliptichni-fotki-od-pozharot-trpejca-obviena-vo-chad-04.jpgфото: Фејсбук - ТППЕ Охрид - Пожарна 

Но, и покрај 10-дневните напори на пожарникарите, ренџерската служба на националниот парк Галичица, волонтерите на Планинската спасителна служба на Црвениот Крст, планинскиот пожар продолжи да се шири, и состојбата станува алармантна.

ajde-ohride-za-spas-na-galichica-apokaliptichni-fotki-od-pozharot-trpejca-obviena-vo-chad-03.jpgфото: Фејсбук - ТППЕ Охрид - Пожарна 

Синоќа (14.08) на Фејсбук групата „Охриѓани“ е објавен апел за мобилизација на волонтери, кои би се вклучиле во гаснењето на пожарите.

„И со Националниот парк ‘Галичица’ сме во контакт, кој не е во можност да оди до планинарската куќа ‘Спиридон’, на Галичица, може во 5 и пол утре да се пријави пред пожарната во Охрид.

Кој е во можност да оди со сопствено возило, може да оди и да се пријави кај рампата за местото викано Војтино (тоа е 100 метри над наплатната рампа)!“

Значи и кај Спиридон и кај НП Галичица се бараат доброволци!

Ајде Охриде, за спас на Галичица“ – стои во апелот.

Инаку од доброволците се бара да бидат физички подтотвени со базична планинарска опрема, а со себе да понесат мотика или гребло!

ajde-ohride-za-spas-na-galichica-apokaliptichni-fotki-od-pozharot-trpejca-obviena-vo-chad-02.jpgфото: Фејсбук - ТППЕ Охрид - Пожарна 

На истата Фејсбук група е објавено едно видео на кое се гледа дека македонското „Сен Тропе“, Трпејца, вчера била целосно обвиена во чад.

На социјалните мрежи се споделени голем број фотографии од жители и туристи кои во моментов се наоѓаат на брегот на Охридското Езеро.

Фотографот Стојан Стојановски сподели фотографија од кампот Љубаништа на брегот на Охридското Езеро, од каде може да се види огнената стихија и чадот кој се надвиснал над Охрид.

Фотографот Ристе Спироски од Охрид, исто така сподели фотографија од пожарот на Галичица, направена од Трпејца.

„Голем шумски пожар на планината Галичица и метеор.

Пожарот станува сѐ поголем, полека се доближува до населените места.

Секој ден слушаме авиони кои прелетуваат на планината, собираат вода од Охридското Езеро и го гаснат пожарот“ – напиша тој.

И на Tвитер се споделени неколку фотографии од пожарот кој може да се види од Охрид.

ajde-ohride-za-spas-na-galichica-apokaliptichni-fotki-od-pozharot-trpejca-obviena-vo-chad-05.jpg

ajde-ohride-za-spas-na-galichica-apokaliptichni-fotki-od-pozharot-trpejca-obviena-vo-chad-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Од семејните албуми на Ребека од ‘80-тите: „Татко ми ги развиваше фотографиите во кујната на јажиња ... „Мојот татко Благоја, црнобелите фотографии ги развиваше дома во кујната и тоа з...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Шест месеци по трагедијата во Кочани, Ана Костадиновска неутешна: „Си беше еднаш“ Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, која преживеа силна траума на кобна...

Најчитани неделава