Вирален статус на Македонец: „Жена (39) од Србија сподели дека си го сака животот, иако нема деца - ја нападнаа со камења и отров“

„Огромно мнозинство фрлаше камења и отров по кутрата жена, само затоа што истата не родила деца - била срам за државата, за нејзините, за христијаните, за општеството... Ненормална била, избрала мачки наместо деца...“, гласи дел од објавата на Мартин Јованоски.

viralen-status-na-makedonec-zhena-39-od-srbija-spodeli-deka-si-go-saka-zhivotot-iako-nema-deca-ja-napadnaa-so-kamenja-i-otrov-01.jpg

Мартин Јованоски, магистер по економски науки, работи како овластен сметководител во постојниот семеен бизнис од областа на финансиско-сметководствениот консалтинг.

Во јавноста е познат по својата книга првенче „Зошто јас?“, книга посветена на анксиозноста, паничните напади и стравовите.  

Дело пишувано исклучиво од сопственото искуство во борбата со анксиозноста, паничните напади и депресијата, а мотивирано единствено од желбата да го поштеди читателот од сопствениот пекол.

Сега, тој се насочи на една ситуација од Србија, која е секојдневие и кај нас – нападите врз жените кои по избор или по играта наречена живот немаат деца.

Неговата објава на Фејсбук гласи:

„Гледав едно видео.

Жена од Србија, 39 години, сподели дека си го сака животот што го живее, дека се чувствува убаво со себе и е горда на сѐ она што постигнала.
Потенцира дека сака дечиња, меѓутоа нема свои и нема брачен партнер, што не значи дека не би сакала семејство и деца во иднина.

На крај сподели нешто многу длабоко.
Рече дека доколку дозволела до неа да допираат муабетите од околината, најверојатно одамна би завршила во лудница со тешка, клиничка депресија.

Ме замисли....
Ги отворив коментарите.

Огромно мнозинство фрлаше камења и отров по кутрата жена, само затоа што истата не родила деца - била срам за државата, за нејзините, за христијаните, за општеството...
Ненормална била, избрала мачки наместо деца...

Осуди, потсмев, пцовки, смртни закани и тешки навреди од стотици ‘луѓе’ со слика, со име и презиме, најголем дел мажи, со свои деца и икони на профилните. Бесрамно фрлаа отров кон една прекрасна жена која со ништо не ги навреди, жена која не ја ни познаваат, САМО ЗАТОА ШТО, истата таа решила да си го живее СВОЈОТ ЖИВОТ како што сака.

viralen-status-na-makedonec-zhena-39-od-srbija-spodeli-deka-si-go-saka-zhivotot-iako-nema-deca-ja-napadnaa-so-kamenja-i-otrov-02.jpg

Тоа бил гревот!

Не била мажена и немала деца!

Грев најголем!

Требало на клада да изгори!

Такви коментари не добиваат ниту осудени убијци, терористи и силувачи.
Одговорно тврдам, меѓу нас живеат огромен процент на тешки фрустрирани лудаци, скриени психопати кои е многу тешко да се препознаат и изолираат.

Внимавајте кого пуштате во својот живот, мнозинството надвор е водено од крвнички нагон за оговарање, уништување, плукање, крадење, деструктивност, искористување и примитивизам.

Мнозинството е отруено од завист и љубомора. Не можат да го поднесат различното, ГИ БОЛИ туѓата среќа. Тешки, болни психопати!

Заштитете се.
Морате, за да не ве изедат таквите!
Креирајте си своја средина со свои луѓе кои заслужуваат да се внатре, до вас. Направете си дворец, само своја тврдина околу и сами изберете колкави ѕидини ќе си кренете.

Ништо црно, ништо ѓаволско да не може внатре да влезе.

И оставете ги, од ѕидините нанадвор што сакаат нека прават, меѓу себе нека се јадат, нека се изедат!“

Прочитајте и Детално упатство за паничните напади, од личното искуство на 32-годишен Македонец

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Македонец со емотивна исповед: „Имав 126kg и пиев за да заборавам кој сум... сега сум татко и трчам ... „Таско раскажуваше како престанал да пие. Ерко за неговата ќерка со леукемија. М...
Скопјанец за случка во наше кафуле: „Дрска госпоѓа ми го расипа денот - каде бил келнерот, го чекала... „Само што седнаа две госпоѓи во скопско кафуле немаше ни минута, кога едната му ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава