Скопјанецот Игор ја запроси саканата Симона во Лисабон: „Ме изненади, па прво кажав: 'Нема шанса'“

„Многу блиски ми кажаа 'знаев', откако објавивме фотографии со прстенот, но јас не очекував, баш 0% - оттаму и мојата реакција“, вели водителката Симона Илиеска за запросувањето во Португалија.

skopjanecot-igor-ja-zaprosi-sakanata-simona-vo-lisabon-me-iznenadi-pa-prvo-kazhav-nema-shansa-01.jpg

Скопјанецот Игор Бачваровски ја запроси саканата Симона Илиеска од Прилеп на нивното 10-дневно патување во Португалија.

Игор, кој е сопственик на туристичка агенција, го испланирал запросувањето, а Симона (репортер/водител во утринската програма на МТВ, „Македонија наутро“) била толку изненадена, што кога ја побарал за сопруга, наместо „да“ му кажала „нема шанса“.

skopjanecot-igor-ja-zaprosi-sakanata-simona-vo-lisabon-me-iznenadi-pa-prvo-kazhav-nema-shansa-07.jpg

За нивната љубовна приказна и неочекуваното запросување во Лисабон, таа раскажа за CRNOBELO.com:

„Заедно сме три години, се запознавме преку туристичката агенција на Игор, кога јас сакав да резервирам одмор за мене и мојата најдобра другарка.

Запознавањето беше многу спонтано и апсолутно непланирано, а таков беше и почетокот на врската.

Со Игор често сме разговарале за бракот и за тоа дека би сакале да имаме свое семејство, но тој, (веројатно плански), секогаш завршувал со „Млад сум, рано ни е“, а има 30 години, ха, ха.

skopjanecot-igor-ja-zaprosi-sakanata-simona-vo-lisabon-me-iznenadi-pa-prvo-kazhav-nema-shansa-02.jpg

Ме запроси на нашето патување во Португалија, и ако сум најискрена, не очекував дека сега ќе ме побара за сопруга.

Многумина блиски ми кажаа „знаев“, откако официјално објавивме фотографии со прстенот, но јас не очекував, баш имав 0% очекување.

Инаку, запросувањето се случи на последниот ден на нашиот одмор во Португалија, на сосема „рандом“ локација, односно дел од Лисабон кој го оставивме за „ако стигнеме“.

Тоа е место од каде што се простира одличен поглед на цел Лисабон, пред огромна статуа на Исус Христос.

skopjanecot-igor-ja-zaprosi-sakanata-simona-vo-lisabon-me-iznenadi-pa-prvo-kazhav-nema-shansa-04.jpg

Игор потоа ми кажа дека планирал запросувањето да биде на крстарење низ Лисабон, но времето не нè послужи.

На крај, запросувањето беше многу спонтано, без посебен говор, со единствено прашање „Дали ќе се омажиш за мене?

А мојот прв одговор беше: „Нема шанси!

Тоа ми беше првата реакција затоа што бев преизненадена и воопшто не очекував вакво нешто, барем не сега.

skopjanecot-igor-ja-zaprosi-sakanata-simona-vo-lisabon-me-iznenadi-pa-prvo-kazhav-nema-shansa-03.jpg

Прстенот ми е точен, за големо чудо.

Во целиот процес на бирање прстен и на негово „прикривање“ во текот на целото патување во Португалија, заслужен е Далибор Шијаковски кој е заедно со нас и со неговата девојка.

Игор имал малку трема пред да ме запроси и тоа во моментот кога одел да го земе прстенот од автомобилот.

skopjanecot-igor-ja-zaprosi-sakanata-simona-vo-lisabon-me-iznenadi-pa-prvo-kazhav-nema-shansa-06.jpg

Инаку, за запросувањето јас сакав прво да дознае мојата сестра, но прв одговори нејзиниот сопруг и му беше навистина многу драго.

Секако дека најмногу се израдуваа најблиските, односно родителите на Игор и моите родители, како и најблиските пријтели.

Планови за свадба немаме, но веќе со возбуда ја планираме заедничката иднина.

skopjanecot-igor-ja-zaprosi-sakanata-simona-vo-lisabon-me-iznenadi-pa-prvo-kazhav-nema-shansa-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам мно... „Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната ког...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава