Лила по погребот на Зоки Фаци: „Денес те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува, достоинствено“

„Знам дека не сакаш патетики, па затоа нема да бидам патетична. Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден...“, напиша Лила Филиповска.

lila-po-pogrebot-na-zoki-faci-denes-te-isprativ-vo-tvojot-vechen-dom-onaka-kako-shto-dolikuva-dostoinstveno-01.jpg

Лила Филиповска на својот Инстаграм профил емотивно сподели дека денес (03.11) присуствувала на погребот на Зоки Фаци и му кажала последно збогум.

Нејзината објава гласи:

„Денес те видов последен пат и те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува, достоинствено.

Знам дека не сакаш патетики, па затоа нема да бидам. Па, ќе пишам мал дел од омилената ни песна која се обидувавме да ја научиме напамет:

„Сјај во тревата“

Иако ништо не може да го врати
сјајот во тревата
и убавината на цвеќето...
Ние не ќе жалиме.
Ќе најдеме сила во она што преостанува.
Во блажените мисли,
кои се шират низ човековото страдание.
во верата која гледа низ смртта...

Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден...“

Со емотивно видео од Зоки Фаци се збогуваше и Стефан Лазаров:

„Ме научи што е лојалност, ме научи како е да се работи во тим, ме научи како се создава шоубизнис, ме научи да се смеам кога ми се плаче, ме научи да верувам во себе. Затоа знам дека морам сам. Можеби сам тука, но во душата никогаш.

Овој рефрен ќе стане песна и ќе ти ја посветам на тебе. Си ветивме до крај, а ова не смее да биде крајот...“, напиша Стефан за својот пријател и соработник Зоки Фаци.

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава