Христина од Прилеп на 28 години се избори со ракот, а на 35 стана мајка по природен пат

„Некои денови светат поинаку, како премачкани со златна боја. Денес е тој ден. Станавме родители“, открива Христина Митреска од Прилеп, која на 28 години се избори со ракот.

hristina-mitreska-na-28-godini-se-izbori-so-rakot-a-na-34-stana-majka-po-priroden-pat-01.jpg

Христина Митреска од Прилеп, по професија дигитален маркетер, е девојката која стои зад Инстаграм профилот „Вкусно без месо“.

Христина Митреска на само 28 години се соочила со дијагнозата рак на дојка, а потоа следувала и хемотерапија како дел од лекувањето.

hristina-mitreska-na-28-godini-se-izbori-so-rakot-a-na-34-stana-majka-po-priroden-pat-03.jpg

Но, покрај на медицината, таа се фокусирала и на здравата храна, како начин на себелекување.

Христина и во интервју за CRNOBELO.com откри дека по тешкиот период со операција и хемотерапија, направила многу промени во начинот на живот, меѓу кои и исхраната за што споделува на Инстаграм.

Најголема поддршка во тешкиот период ѝ бил сопругот, со кој денес ги живеат најсреќните мигови.

Пред неколку месеци таа објави:

„По девет години заедно, сега со нетрпение го очекуваме новиот член на нашето семејство, што е најубавиот подарок што можевме да си го дадеме“.

И покрај тоа што зад неа е една тешка борба, таа успеа по природен пат да стане мајка.

Христина и нејзиниот сакан денес (04.12) станаа родители на девојче.

На нејзиниот Инстаграм профил таа пишува:

„Некои денови светат поинаку, како премачкани со златна боја. Денес е тој ден. Станавме родители“.

hristina-mitreska-na-28-godini-se-izbori-so-rakot-a-na-34-stana-majka-po-priroden-pat-02.jpg

hristina-mitreska-na-28-godini-se-izbori-so-rakot-a-na-34-stana-majka-po-priroden-pat-06.jpg

Прочитајте го интервјуто со неа Христина Митреска: „На 28 години ми дијагностицираа рак на дојка и фала на Бога што ми се случи мене, а не на саканите“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Христина Пан прослави 8 години брак - објави свадбени фотки и ужива со 3-те ќерки, откако едната се ... По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна а...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...

Најчитани неделава