Лабина Митевска со моќен говор по добиена филмска награда во Швајцарија: „Се докажавме во балканското мачо општество“

„Пред 25 години, долго време бев единствената жена продуцентка, а сестра ми беше единствената жена режисер во нашата мала, но убава земја Македонија. Ни требаа години и години да се докажеме во балканското мачо општество“, кажа Лабина, а наградата ја посвети на починатиот татко.

labina-mitevska-so-mokjen-govor-po-dobiena-filmska-nagrada-vo-shvajcarija-se-dokazheme-vo-balkanskoto-macho-opshtestvo-01.jpg

Нашата актерка и продуцентка, Лабина Митевска, е првата Македонка која ја доби наградата за меѓународна копродукција на европскиот фестивал за филмски награди Eurimages, за нејзиниот исклучителен придонес во филмската копродукција.

Таа, заедно со сестра си Теона, и нивниот брат Вук, е основач на продуцентската куќа Sisters and Brother Mitevski Production.

Лабина, на доделувањето на наградата, на гостите (меѓу кои беа и славните актери Изабела Роселини, Жилиет Бинош и Рејф Фајнс) најпрво им се обрати на македонски јазик, а потоа одржа моќен говор со кој се заблагодари за признанието, но и раскажа за состојбата во македонската филмска продукција, каде што таа, нејзината сестра и брат творат околу 25 години.

labina-mitevska-so-mokjen-govor-po-dobiena-filmska-nagrada-vo-shvajcarija-se-dokazheme-vo-balkanskoto-macho-opshtestvo-03.jpg

Лабина ја доби наградата од шведската актерка Наоми Рапас, која глуми во новиот филм на Теона Митевска, „Мајка“.

Во говорот, Лабина кажа:

„Многу ретко можам да зборувам на македонски јазик, ви благодарам поради ова. Вистинска чест е што ја добивам оваа награда. Благодарност до Европската филмска академија, до Eurimages, до Советот на Европа.

Знаете дека без вас европскиот филм денес ќе беше многу поинаков.

Пред 25 години, кога ја формиравме нашата компанија, долго време бев единствената жена продуцентка, а сестра ми беше единствената жена режисер во нашата мала, но убава земја Македонија.

Ни требаа години и години да се докажеме во балканското мачо општество. Бевме жени и сакавме промена.

Сакавме да докажеме дека филмот не е единствено и ексклузивно за машки филмски професионалци.

Сакавме да правиме европски копродукции со вклучување повеќе жени и најважно, сакавме да правиме бескомпромисни филмови.

Не беше лесно и сè уште не е лесно. Но ние, сестра ми, брат ми и јас, верувавме дека уметноста, дека филмот ќе го промени светот.

И денес веруваме дека филмот ќе го промени светот, ќе ни даде друга перспектива на светот.

labina-mitevska-so-mokjen-govor-po-dobiena-filmska-nagrada-vo-shvajcarija-se-dokazheme-vo-balkanskoto-macho-opshtestvo-02.jpg

За жал, светот во кој живееме денес е сѐ потажен и потажен. Живееме во свет полн со војни, насилство, неправди, нетолеранција.

Светот во кој живееме денес го лажат неодговорни политичари кои постојано создаваат бегалци, имиграциски кризи.

Денес сме сведоци на национализам, расизам и алчен експлоататорски капитализам.

Во светот во кој живееме денес има многу земји со опресивни режими, каде што луѓето не можат да зборуваат слободно или да создаваат слободно.

labina-mitevska-so-mokjen-govor-po-dobiena-filmska-nagrada-vo-shvajcarija-se-dokazheme-vo-balkanskoto-macho-opshtestvo-02_1.jpgфото: Фејсбук

И тука сме ние, филмските работници, раскажувачи на приказни, поети со обврска.

Имам чувство и знам дека на светот не му требале толку многу, како сега, раскажувачи со храброст, кои се бестрашни, водени од потребата да ги раскажат своите приказни.

Затоа, вечерва ќе го слават тој вид на филмови.

Ќе го славам и татко ми кој почина пред 2 месеца, а кој нè научи да имаме страст за филмот кој ќе го смени светот“.

labina-mitevska-so-mokjen-govor-po-dobiena-filmska-nagrada-vo-shvajcarija-se-dokazheme-vo-balkanskoto-macho-opshtestvo-03_1.jpgфото: Фејсбук

Погледнете го видеото од говорот на Лабина:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Игор Џамбазов во прегратка со сестра му Тања: „Една е сестра, плус од Америка. Доаѓа како торнадо“ „Не се гледаме често, но секојпат кога ќе се видиме како да вчера завршил разгов...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...

Најчитани неделава