Таско, Пајак и Бобан Илиоски скокнаа по светиот крст во Охридско Езеро

Светскиот шампион во кик-бокс и двајцата музичари ја испочитуваа традицијата за Водици.

tasko-pajak-i-boban-ilioski-skoknaa-po-svetiot-krst-vo-ohridsko-ezero-01.jpg

Големиот христијански празник Водици, или Богојавление (19.01), секоја година се одбележува со скокање по светиот крст.

Традицијата се почитува во целата земја, а мажите скокаат во студените води на реките или езерата за да го фатат крстот.

Тој, според верувањата, ќе му донесе здравје и бериќет на тој што го фатил и на неговото семејство.

tasko-pajak-i-boban-ilioski-skoknaa-po-svetiot-krst-vo-ohridsko-ezero-03.jpgПајак со пријателите

Најголем број Македонци кои скокаат по крстот има во Скопје, каде што се скока во реката Вардар, и во Охрид, каде што верниците влегуваат во Охридското Езеро.

Меѓу оние што годинава во Охрид скокнаа по крстот беа и нашите музичари Христијан Тасковски - Таско и Христијан Настески - Пајак, но и светскиот и европски шампион во кик-бокс, Бобан Илиоски.

Тие на Инстаграм споделија фотографии направени откако скокнаа во езерото, со пораката „Бог се јави“.

tasko-pajak-i-boban-ilioski-skoknaa-po-svetiot-krst-vo-ohridsko-ezero-02.jpegБобан Илиоски и Таско

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Пајак: „Никогаш не сум бил во Грција, сме немале можности - мама првпат на море ме однесе на 16 годи... „Како може да не си бил во Грција?“, го праша водителката, а Пајак вели: „Не сум...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...

Најчитани неделава