Каролина со внуките на концерт на Били Ајлиш во Прага: „Конечно ни се исполни желбата“
- Детали
- петок, 06 јуни 2025
Каролина Гочева секое лето оди на женски одмор со сестра ѝ и со внуките, а оваа година тие беа во Прага за коцертот на Били Ајлиш.

Поп-ѕвездата Каролина Гочева неодамна беше на семејно патување во Чешка со сестра ѝ Александра и нејзините две прекрасни внуки, Инес и Луција.

Тие ја посетија Прага за да си исполнат една голема желба - да одат на концерт на светската ѕвезда Били Ајлиш, чии големи фанови се сите.

Каролина на Инстаграм објави неколку фотографии и видеа од концертот, но и од прошетката во главниот град на Чешка и спомените кои ги создадоа како семејство.

„Конечно ни се исполни желбата да ја гледаме Били Ајлиш, а и Прага беше преубава и сончева“ - напиша Каролина на Инстаграм.

Погледнете повеќе фотографии:






