Почина актерот Лазе Манасков, најпознат по улогите во „Трст виа Скопје“ и „Исцелител“
- Детали
- сабота, 20 декември 2025
„Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест“, напишаа на Фејсбук од неговиот Драмски театар.

Денес, на 67-годишна возраст, почина македонскиот телевизиски и театарски актер, Лазе Манасков.
Веста за неговото починување ја соопштија од Драмски театар, каде што глумеше долги години.
„Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!“, напишаа на Фејсбук од театарот.

Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности и од 1983-та работи како актер во Драмски театар, каде што останува сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.
Ќе остане познат по многу улоги, но најмногу по улогите во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“.
А. Ј. | Црнобело
