Стефан Лазаров: „Комплекс ми беа клемпавите уши, срам ми беше да зборувам со девојчиња – се оперирав по матурата“
- Детали
- вторник, 21 април 2026
„Си носев подолга косичка, ми беше срам да разговарам со девојчиња, малку ја вртев главата за да не ми ги гледаат двете уши. Мајка ми беше против таа операција ама ако ме гледате мајки денес, средете им ги ушите на децата порано. Два месеца после таа операција ја запознав Марта...“ - вели искрено Стефан Лазаров за несигурностите во тинејџерските години.

Пред 2 недели, Кики Мукаетова објави епизода од нејзиниот подкаст „Низ град со Кики“, во која гостуваше Стефан Лазаров.

Таа со него разговара за неговите почетоци, за тоа како од шега доби работа во телевизија, а потоа почна да снима шеговити видеа на YouTube и денес има успешен подкаст во кој гостуваат голем број познати личности, но и анонимни луѓе со моќни приказни.
Во гостувањето Стефан раскажува колку било тешко да се вклопи во тој свет, признава дека не знаел ниту кој е Владо Јаневски, но имал голема желба да учи и со тек на време, со многу работа и амбиција, стигнал до тоа што е денес.
Освен за својата професија и кариера, Лазаров одговори и на приватно прашање од Кики, односно што му била најголема несигурност во тинејџерските години.
Тој признава дека клемпавите уши му биле голем комплекс, а иако мајка му била против операција, сепак тоа било нешто што го направило многу среќен и го наполнило со самодоверба за својот изглед.

„Од денешна гледна точка е смешно, но голем комплекс ми било тоа што имам клемпави уши.
Си носев подолга косичка за да ги покријам, ми беше срам да разговарам со девојчиња, малку ја вртев главата кога разговарав со нив, за да не ми ги гледаат двете уши.
Тоа ми беше несигурност во тинејџерските години. Инаку бев среќно дете, а ушите ги средив на 18 години.

Мајка ми беше против таа операција, ама ако ме гледате мајки денес, средете им ги ушите на децата порано.
На 18 години, кога ми беше матура, ѝ кажав на мајка ми дека ова се моите први пари и ќе правам што сакам.
Излегувам јас од операцијата со завој, и се гледам, немам клемпави очи. И буквално ништо не ме болеше, со модри уши одма почнав да се шетам, толку што бев среќен што немам клемпави уши.
После таа операција, после 2 месеца ја запознавам Марта, односно, приказната е дека 3 години претходно ѝ пишав, а таа ме остави на seen.
Откако ги средив ушите, се сретнавме на свадба, па почнаа првите лајкови...“ - вели јутјуберот.
За љубовта со Марта и за тоа колку е таа дел од Стефан, тој признава:
„Со текот на годините Марта и Стефан станаа едно, поддршката нејзина ми значи највеќе, претпоставувам и неа мојата.
Верувам дека да не ми е Марта ништо немаше да биде вака како што е. За раст на еден маж е најбитна хармонијата во домот, што се создава преку односот со жената и семејството.
Љубовта е најбитна, па потоа доаѓаат пари, успех и слава. Колку е Марта Стефан, па, едно сме...“
Погледнете го целото гостување:
M. M. | Црнобело