Вознемирувачко видео од девојче тепано од деца во Штип, адвокатка револтирана: „Судот побара само надзор од родител“

За снимката на која се гледа како девојче е удирано од повеќе деца со тупаници, а потоа е клоцана додека лежи на земја, револтираната адвокатка Маја Ристова вели: „Судот изрече „Засилен надзор од страна на родител” (пресмешно). Изгледа треба да се случи „Рибникар (Србија)”, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот „Ивана и Катја”.

voznemiruvachko-video-od-devojche-tepano-vo-shtip-advokatka-revoltirana-sudot-pobara-samo-nadzor-od-roditel-01.jpg

Во последно време сè почесто се случуваат врснички насилства помеѓу млади деца низ Македонија од кои се згрозуваме.

Сега на социјалните мрежи се појави видео за уште едно врсничко насилство, овој пат во Штип, кое е прилично вознемирувачко.

Адвокатката Маја Ристова на својот Фејсбук профил објави снимка на која се гледа како повеќе деца тепаат друго девојче.

На видеото се гледа како девојчето е удирано со тупаници и шлаканици по цело тело, кубена за коса, а потоа дури е и клоцана додека лежи на земја беспомошно.

Адвокатката го споделува видеото револтирана од одлуката на судот и го отвора прашањето до кога нема соодветно да се постапува со вакви случаи – дали треба да чекаме да се случи „Рибникар“?

Во продолжение објавата на адвокатката Маја Ристова (и вознемирувачкото видео):

Ова е врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци.

• За кривичното дело “Насилство врз дете” обвинителот предложи воспитна мерка “Засилен надзор од страна на ЦСР”, судот процени дека мерката е строга, па изрече “Засилен надзор од страна на родител” (пресмешно). Предметот е во жалбена постапка.

• За кривично дело “Запуштање и малтретирање на дете” беа отфрлени кривичните пријави, за по жалба да биде вратен предметот на повторно одлучување.

Поентатата ми е како институциите гледаат на овој проблем. Слично како со семејното насилство.

Изгледа треба да се случи “Рибникар (Србија)”, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот “Ивана и Катја”.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...

Најчитани неделава