По две тешки сообраќајни незгоди во САД, Ивица Јанев реши да се врати во Македонија - Што му било најголем проблем?
- Детали
- четврток, 25 јуни 2026

Кога се зборува за преселби и враќање назад од Америка во Македонија, неизбежно прашање е и како да се префрлат заработените пари.
На таа тема и прашање, одговара Ивица Јанев, неготинчанец, бодибилдер и нутриционист, кој пред да биде она што е денес, живеел и работел во Америка.

Денес се гордее со своето семејство, со успесите на професионален план, како што се последните две освоени титули на Мистер Олимпиа Аматер, освоен златен и бронзен медал.

Потекнува од скромно и работно семејство, каде научил од мали нозе да работи, да има принципи и така да успева во животот.
Роден во 1986 година во Неготино, животот го однел во Скопје каде што студирал, магистрирал и решил да замине во Америка за подобро утре. Да заработи и успее повеќе.

Како живеел во Америка, како ја градел криерата таму и како успевал раскажува тој во најновиот поткаст „Marija vo Amerika“, на YouTube.

По две тешки сообраќајни незгоди, Ивица решава да се врати засекогаш во Македонија. Што пакува и како се организира да се пресели назад открива тој самиот во новата епизода.

Кога доаѓа до моментот на префрлување на парите од Америка во Македонија, Јанев е исклучително претпазлив и темелен на таа тема и раскажува како тој ги префрлил своите средства.
Целиот поткаст го гледате овде:
С. С. | Црнобело