Игор Џамбазов за хаосот во Дојран: „Невремето вчера беше како од некој научно-фантастичен филм“ (видео)
- Детали
- вторник, 21 јули 2026
Силен дожд и ветер, летаат знаци поставени на патеките, се кршат дрвја... Игор Џамбазов доловува преку видео какво невреме го зафати вчеравечер Дојран. За среќа нема повредени.

Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил преку видео направено од Кирил Изов и ни долови какво невреме го зафатило Дојран вчеравечер.

Од пороен дожд до паднати дрвја, причинета е голема штета, но за среќа нема повредени.

„Невремето вчера - како од некој научно-фантастичен филм...“, напиша Џамбазов.
Кликнете на видеото:
Градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, на социјалните мрежи вчеравечер соопшти:
„Почитувани сограѓани.
Околу 20 часот Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со материјална штета.

Би сакал да ве известам дека екипите на ДППД Дојран и доброволна група граѓани, екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите дрвја и причинетите штети, и на терен ќе останат цела ноќ, сè до нивно расчистување.

Ве охрабрувам да останете спокојни, а во текот на утрешниот ден ќе се нормализира функционирањето на градот.
Ве повикувам да пријавите непроодни улици, поплавени куќи, подруми, како би можеле да интервенираме брзо и соодветно“.








С. С. | Црнобело / фото: Фејсбук Илија Тентов