Прв случај на труење од пајакот „Црна вдовица“ во Македонија во 2026 – како да го препознаете и што да направите при каснување?

„Првиот случај на труење од отровот на пајакот Црна вдовица (Latrodectus spp.) веќе е регистриран во Македонија оваа година. Црната вдовица е еден од ретките пајаци чиј отров може да предизвика сериозни здравствени последици“ - пишуваат од токсиколошкиот информативен центар и споделуваат совети за прва помош и превенција. 

prv-sluchaj-na-truenje-od-pajakot-crna-vdovica-vo-makedonija-vo-2026-kako-da-prepoznaete-i-shto-da-napravite-01.jpg

Од Токсиколошкиот информативен центар при Универзитетската клиника за Токсикологија во Скопје, известуваат за прв случај од труење од отровот од пајакот „Црна вдовица“, регистриран во Македонија оваа година.

Иако не е многу честа појава, сепак овој вид на пајак „Latrodectus spp“, народски познат како „Црна вдовица“, е присутен и на нашите простори.

prv-sluchaj-na-truenje-od-pajakot-crna-vdovica-vo-makedonija-vo-2026-kako-da-prepoznaete-i-shto-da-napravite-03_2.jpg

Оваа година е регистриран прв случај на труење, а од Центарот пишуваат:

„Првиот случај на труење од отровот на пајакот Црна вдовица (Latrodectus spp.) веќе е регистриран во Македонија оваа година.

Црната вдовица е еден од ретките пајаци чиј отров може да предизвика сериозни здравствени последици. Иако каснувањето не е често, важно е навремено да се препознае и правилно да се постапи.

Навременото препознавање и брзата медицинска проценка можат значително да го намалат ризикот од компликации“.

prv-sluchaj-na-truenje-od-pajakot-crna-vdovica-vo-makedonija-vo-2026-kako-da-prepoznaete-i-shto-da-napravite-02_1_2.jpg

Оттаму споделија и визуелен приказ со совети за прва помош, за симптоми кои укажуваат на потреба од лекарска помош, но и совети за превенција.

prv-sluchaj-na-truenje-od-pajakot-crna-vdovica-vo-makedonija-vo-2026-kako-da-prepoznaete-i-shto-da-napravite-03.jpg

Иако е познато дека европската црна вдовица се разликува од американската, и има 13 црвени точки на грбот, од Токсиколошкиот информативен центар пишуваат:

„Пајакот Црна вдовица во Македонија има црно сјајно тело и димензија максимално до 5cm заедно со нозете“.

Во продолжение погледнете ги нивните совети за заштита и лекување во случај на каснување:  

prv-sluchaj-na-truenje-od-pajakot-crna-vdovica-vo-makedonija-vo-2026-kako-da-prepoznaete-i-shto-da-napravite-02.jpg

Пред неколку години, д-р Андон Чибишев на социјалните мрежи упати јавен апел и предупредувања до граѓаните, откако струмичанец бил каснат од пајакот познат како „црна вдовица“, а пред неколку дена и д-р Нино Беќаровски во изјава за медиумите потврди дека моментално има хоспитализиран пациент каснат од истиот пајак. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...

Најчитани неделава